Numri momental i vizitorëve:
9
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ
 
Права на патниците:
  • да бидат информирани за понудениот сервис и расположливите билети;
  • да бидат коректно третирани од персоналот;
  • да поднесуваат соодветни жалби за услугите и на нив да добијат одговор во рок од 15 дена;
  • доколку внесуваат детски колички, тие да се стават на места каде не би им пречеле на останатите патници и би ја загрозувале нивната безбедност;
 
Обврски:
  • прво да се качуваат и симнуваат децата;
  • да се ослободат места за бремени, постари и лица со посебни потреби;
  • да не се отвараат насилно вратите во случај да не ги отвори возачот и да не се кршат копчиња за нивно отварање;
  • да не се разговара со возачот;
  • цврсто држење за држачите за времетраење на целото патување;
  • да не се пуши и јаде во автобус;
  • да не се проси;
  • да не се пушта гласна музика, гласно да се разговара на мобилен или да не се вознемируваат на било кој друг начин останатите патници;
  • да не се оставаат предмети на местата за поминување;
  • љубезност со останатите патници и персоналот;
  • се казнува одбивањето да се покаже билет;
  • да не се црта графити по ѕидовите и седиштата или на било кој друг начин да се уништува инвентарот;
  • да не се блокираат вратите;
  • да се запазува чистотата во автобусите и постојките, т.е. да не се фрлаат отпадоци;
  • да не се носат запалливи материи и оружје.
 
Како можат граѓаните да придонесат:
  • да не возат по жолтата лента која е резервирана за автобуси и такси возила, бидејќи тоа ги забавува;
  • да не се паркираат или застануваат на постојките со што ја намалуваат брзината и безбедноста на патување;
  • да користат автобуси, велосипеди или да пешачат, со што придонесуваат за почиста животната средина и го намалуваат оптеретувањето на улици.
 
 
 
Ndërmarrja qarkulluese publike –Shkup. Përpunoi Unet Interactive 2009. Të gjitha të drejtat janë të rezervuara.