Numri momental i vizitorëve:
7
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Почеток на инсталирање на опремата
25 март 2010
 

Со инсталирањето на опремата на 12 автобуси за пренамена на двојно гориво е започнат и процесот на подготовки за Хомологација на преадаптираните возила. Истовремено се врши и доопремување на оделението со специален алат потребен за одржување на овие возила.

Дел од автобусите на дизел/метан кои имаат инсталирано GPS опрема и се поврзани со мерката за воведување на Информирање на патниците за реално време на пристигнување на автобусите, ќе сообраќаат на линиите`2` и `5`.

Што се однесува до мерката – Информирање на патниците за реалното време на пристигање на автобусите, до сега се опремени 30 автобуси со GPS уреди, така што веќе се прати нивното движење, поставени се информациони дисплеи на десет автобуски постојки во градот, а опремен е и мониторинг центар со соодветна софтверска апликација за прибирање на податоците од возилата и воедно за испраќање на истите до информационите табли.

Информациони табли се поставени на следните автобуски постојки:

  • Бит пазар (од двете страни)
  • Рекорд (од двете страни)
  • Народна Банка (накај центар)
  • Трговсkи центар Бисер (накај центар)
  • Пазарче Буњаковец (од двете страни)
  • Ѓорче Петров (кај трговски центар СП Планет, накај центар)
  • Лептокарија (кај Румунска Болница, накај центар)

GPS технологијата овозможува следење на секое возило, на секоја линија на јавен градски превоз во реалното време, при што се остваруваат голем број придобивки како за превозниците, така и за патниците. Превозниците можат точно да го следат остварувањето на возните редови, да интервенираат во случај на нивно пореметување, а пак патниците можат да добијат информација во реално време за наредното возило кое наидува на автобуската станица.

Деновиве се тестира работењето на една информациона табла (во Ѓорче Петров кај трговски центар СП Планет), а набргу се планира и официјално пуштање во употреба на сите десет.

 
 
Ndërmarrja qarkulluese publike –Shkup. Përpunoi Unet Interactive 2009. Të gjitha të drejtat janë të rezervuara.