Numri momental i vizitorëve:
11
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Jавно приватно партнерство за поставување на автобуски стојалишта на подрачјето на град Скопје
06 мај 2010
 

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, има намера да склучи договор со приватен партнер (договор за јавно - приватно партнрство) за поставување на 282  автобуски стојалишта на подрачјето на град Скопје, на локации на кои се превезуваат патници во градскиот линиски превоз, и тоа:
 
- 108 автобуски стојалишта (постојки) од Типот А - кои опфаќаат настрешница, клупа, корпа за отпадоци, рекламно пано, урбани светилки, информативни табли и табла со број на автобуси кои стојат на станицата;

- 81 автобуски стојалишта (постојки) од Типот А1 - кои опфаќаат настрешница, корпа за отпадоци, рекламно пано, урбани светилки, информативни табли и табла со број на автобуси кои стојат на станицата;

- 93 автобуски стојалишта (постојки) од Типот А двојна - кои опфаќаат настрешница, клупа, корпа за отпадоци, рекламно пано, урбани светилки, информативни табли и табла со број на автобуси кои стојат на станицата (Овој тип се добива со спојување на две стојалишта од типот А).
 
Сите заинтересираните домашни и странски физички и правни лица подетални информации можат да добијат на тел:
+389 3172 920 или anagruevska@jsp.com.mk

 
 
Ndërmarrja qarkulluese publike –Shkup. Përpunoi Unet Interactive 2009. Të gjitha të drejtat janë të rezervuara.