Моментален број на посетители:
635
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ЗА НАС
 
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје - Скопје е организиран систем и најголем превозник на патници во главниот град на Република Северна Македонија, со јасно дефинирана дејност од посебен општествен интерес.

ЈСП СКОПЈЕ - Скопје е носител на превозот на патници во јавниот градски и приградски сообраќај на подрачјето на град Скопје.

Врз основа на решението на Извршниот народен одбор на град Скопје од 1947 година на 17 Јануари 1948 година е конституирано Градското автобуско сообраќајно претпријатие.

Со Одлука на Собранието на град Скопје од 1989 година Работната организација за градски сообраќај „Скопје“ е трансформиранa во ЈАВНО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПЈЕ СКОПЈЕ. Според член 10, позиција 4, алинеа 10 од Законот за град Скопје, уредувањето и организацијата на јавниот градски и приградски превоз на патници, како единствен превозен системот во градот, е под надлежност на градот Скопје.

Главната канцеларија на компанијата е во Скопје на булевар Александар Македонски бр. 10.
 

тел/факс: +389 2 3174-264/3174-260 /    Служба за слободен превоз за лица со попреченост: 072/912-677
www.jsp.com.mk                                         e-mail: slobodenprevoz@jsp.com.mk
e-mail: jsp1@jsp.com.mk                           

Пријава за неправилности и сомнежи за измама или корупција: 

e-mail: ukazi@jsp.com.mk

Офицер за заштита на лични податоци

Сашо Негриевски, e-mail: saso.negrievski@jsp.com.mk, тел: 078/380-851

 
ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Ве молиме прочитајте ја оваа политика внимателно пред да ја користите веб страната затоа што таа објаснува каде и како ги процесираме личните податоци. Вашата посета на веб странава индицира дека ја прифаќате оваа политика. Ако не ја прифаќате содржината на оваа политика, не посетувајте ја оваа веб страна.


1. Правила и политика на користење (за собирање и користење на податоци)

ЈСП СКОПЈЕ се грижи за Вашата приватност има усвоена политика за сигурност и заштита на податоци, со што ја демонстрира посветеноста на јавното претпријатие кон заштитата на приватноста на поситетелите. Содржините се од информативен  карактер и достапни до јавноста и не собира ниту пак процесира било какви лични податоци при посетата на: jsp.com.mk, jspturs.com.mk и skopska.mk освен податоцити кои посетителите ги испраќаат доброволно преку е-пошта и формуларот за контакт се сметаат за службена тајна и се чуваат во согласност со општите одредби и правилата и прописите за архивско работење. Тука спаѓаат задожителните податоци кои се собираат по пат на контактирање преку контакт формата како што се: Име и презиме, емаил адреса и тема на пораката.

2. Собирање и користење на податоците при ваша посета на нашите веб сајтови

За оптимизирање на погоре набројаните веб страни во однос на системските перформанси, употребливоста и посетеноста, ние ги еведентираме: оперативен систем, интернет сервис провајдерот (ИСП) и податоци за датум /време.

Ние ги користиме овие информации со цел ефикасно да ја управуваме веб страната, да научиме повеќе за однесувањето на нашите корисници на веб страната, за да ги анализираме трендовите и да собираме демографски податоци за нашите посетители како целина. Собраните информации може да се користат за нашите услуги за маркетинг и рекламирање како и комуникациските услуги (на пример оптимизирање и подобрување на корисничкото искуство, обезбедување на поатрактивни специјални понуди и услуги).

 

Известување

Со секое пристапување на ЈСП СКОПЈЕ, ЈСП ТУРС, СКОПСКА.мк автоматски ги прифаќате правилата и условите поставени на нашиот сајт.

 
 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.