Моментален број на посетители:
346
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Јавен оглас за диспечер
20 јули 2022
 

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ДИСПЕЧЕР

 

                                  ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ДИСПЕЧЕР ВО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СЛОБОДЕН ПРЕВОЗ

                                                                  

Врз основа на член 20-г од Законот за вработени во јавниот сектор, член 37-и од Законот за јавните претпријатија, како и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас за вработување и интерениот оглас за унапредување, начинот на поднесување на пријавата за вработување и унапредување, начинот на спроведување на селекцијата за вработување и за унапредување, како и начинот на бодирањето за давателите на јавни услуги на ЈСП СКОПЈЕ, Годишниот план за вработување на ЈСП СКОПЈЕ бр. 02-845/1 од 20.08.2021 година и Одлуката за утврдување потреба од работник за засновање на работен однос на неопределено време бр. 02-955/1   од 18.07.2022  година, ЈСП СКОПЈЕ објавува:

 

 

Ј А В Е Н  О Г Л А С  бр. 4/2022

 

За вработување на даватели на јавна услуга во областа на комуналните дејности и на други дејности заради кои се основани јавните претпријатија од група III, подгрупа V во ЈСП СКОПЈЕ за следните  работни места:

 

 

 

1.      Диспечер (КДР0305Б02103) во  Одделение за слободен превоз, Сектор за сообраќај -  (1) извршител;

 

Општи услови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија,

-         активно да го користи македонскиот јазик,

-         да е полнолетен,

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност  или  должност.

 

Посебни услови:

-         Стручни квалификации: најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование.

 

Потребно работно искуство:

-         најмалку две години работно искуство во струката.

 

Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

-         Распоредот на работното време е во две смени од понеделник до петок:

·        прва смена од 7,30 до 14,30 часот,

·        втора смена од 12,00 до 19,00 часот.

-         Работно време во сабота од 09,00 до 16,00 часот.

-         Паузата од 30 минути се користи во зависност од процесот на работа.

-         Полното неделно работно време изнесува 40 часа.

-         Неделниот одмор се користи во недела. 

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 21.810,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2022 година се: Македонец(ка) 1.

 

Рок за пријава: рок за доставување на пријава за вработување е во рок од 15 дена од денот на објавување на  огласот  на интернет страницата на претпријатието и дневните весници.

Пријавите за вработување се пополнуваат на образец изготвен од страна на институцијата која го објавува огласот, истите можат да се прибават од Архивата на ЈСП СКОПЈЕ и на веб страната www.jsp.com.mk и пополнети се доставуваат во Архивата на ЈСП СКОПЈЕ на адреса Бул. Александар Македонски бр.10 Скопје, контакт телефон: 070 249 997 – Одделение за управување со човечки ресурси.

 

Со пријавите по огласот кандидатите треба да достават:

- Уверение за државјанство (копија),

- Диплома за завршено образование (заверена на нотар),

- Да има општа здравствена способност за работното место,

- Доказ дека со правосилна судска пресуда не е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.           

 

Изборот на кандидати ќе се врши на следниов начин: доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот на кандидати се врши во рок од 60 дена, од 201 до 500 кандидати од 90 дена, над 500 кандидати од 120 дена по истекот на рокот за пријавување.

 

Постапката за селекција за вработување на давателите на јавни услуги во претпријатието се состои од  две фази и тоа:

 

Фаза 1 - Административна селекција која опфаќа проверка на внесените податоци во пријавата со

условите утврдени во јавниот оглас и проверка на приложените докази во пријавата; 

Фаза 2 – Интервју.

 

 ПРЕЗЕМИ ПРИЈАВА

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.