Моментален број на посетители:
484
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Јавен оглас за сервисен автомеханичар
13 август 2022
 

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА СЕРВИСЕН АВТОМЕХАНИЧАР И СЕРВИСЕН МЕХАНИЧАР ЗА КЛИМА УРЕД

 

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи, член 31 став 1 алинеја 14 од Статуот на ЈСП СКОПЈЕ , член 11  од Колективниот Договор на ЈСП СКОПЈЕ и Правилникот за систематизација на работни места на ЈСП СКОПЈЕ, Одлуката за утврдување потреба од работник за засновање на работен однос на неопределено време бр. 02-1034/1 од 09.08.2022 година, ЈСП СКОПЈЕ објавува:

 

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 5

ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

 

 

I.        Јавното сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ објавува оглас за засновање на работен однос на неопределено време за работните места:

 

78. КДР0401А02049 Сервисен автомеханичар, Оддел за планско одржување-сервис, Одделение за ремонт и одржување – Сектор автобаза Автокоманда  - 1 извршител

 

Општи услови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија;

-         активно да го користи македонскиот јазик;

-         да е полнолетен;

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови:

-        Најмалку ниво на квалификации III, 180 кредити според ЕЦВЕТ или тригодишно средно образование - автомеханичар

Потребно работно искуство:

-        Со или без работно искуство

Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

прва смена:

-        од 07,00 до 15,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот) за дел од вработените во одделението со дневно работно време од 8 часа во петдневна работна недела, а за останатите вработени со почеток:

-        од 07,00 до 14,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот) со дневно работно време од 7 часа во шестдневна работна недела.

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 22.412,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2022 год. се: Македонец(ка) 1.

 

 

113.  КДР0401А02067  Сервисен механичар за клима уред, Оддел за автоелектричарско одржување, природен гас и климатизација, Одделение за ремонт и одржување – Сектор автобаза Автокоманда  - 1 извршител.

 

Општи услови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија;

-         активно да го користи македонскиот јазик;

-         да е полнолетен;

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

-        Најмалку ниво на квалификации III, 180 кредити според ЕЦВЕТ или тригодишно средно образование - електромеханичар

Потребно работно искуство:

-        Со или без работно искуство

Други посебни услови

-        Сертификат за одржување на инсталации и клима уреди

 

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

-         во прва смена

од 07,00 до 15,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот) со дневно работно време од 8 часа  во петдневна  работна недела и

од 07,00 до 14,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот) со дневно работно време од 7 часа, во шестдневна работна недела.

-         во турнус:

прва смена  од 06,00 до 14,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот);

втора смена од 14,00  до 22,00 часот (пауза од 16,30 до 17,00 часот);

трета смена од 22,00 до 06,00 часот (пауза од 00,30 до 01,00 часот).

Дневното работно време е 8 часа  во шестдневна работна недела.

-         За дел од вработените работното време се организира само во прва смена со почеток од 07,00 до 14,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот) со дневно работно време од 7 часа  во шестдневна работна недела.

 

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 21.810,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2022 год. се: Албанец(ка) 1.

 

 

193. КДР0401А02067 Сервисен механичар за клима уред, Оддел за автоелектричарско одржување, природен гас и климатизација, Одделение за ремонт и одржување – Сектор автобаза Ѓорче Петров  - 1 извршител.

 

Општи услови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија;

-         активно да го користи македонскиот јазик;

-         да е полнолетен;

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови:

-        Најмалку ниво на квалификации III, 180 кредити според ЕЦВЕТ или тригодишно средно образование - електромеханичар

Потребно работно искуство:

-        Со или без работно искуство

Други посебни услови

-        Сертификат за одржување на инсталации и клима уреди

 

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

-         во прва смена

од 07,00 до 15,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот) со дневно работно време од 8 часа  во петдневна  работна недела и

од 07,00 до 14,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот) со дневно работно време од 7 часа, во шестдневна работна недела.

-         во турнус:

прва смена  од 06,00 до 14,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот);

втора смена од 14,00  до 22,00 часот (пауза од 16,30 до 17,00 часот);

трета смена од 22,00 до 06,00 часот (пауза од 00,30 до 01,00 часот).

Дневното работно време е 8 часа  во шестдневна работна недела.

-         За дел од вработените работното време се организира само во прва смена со почеток од 07,00 до 14,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот) со дневно работно време од 7 часа  во шестдневна работна недела.

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 21.810,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2022 год е: Ром(ка) 1.

 

 

Со пријавите по огласот кандидатите треба да достават:

-         Кратка биографија (CV),

-         Уверение за државјанството (копија),

-         Диплома за завршено образование  (копија заверена на нотар),

-         Доказ дека со правосилна судска пресуда не е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност,

-         Уверение дека има општа здравствена способност за работното место,

 

II.       Времетраењето на јавниот оглас е 3 работни дена од денот на објавувањето на  огласот.

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

III.     Некомлетните и ненавремено доставени пријави нема да се земат предвид при разгледувањето.

IV.     Пријавите со бараната документација да се достават во архивата на ЈСП СКОПЈЕ на булевар „Александар Македонски“ бр.10 Скопје, контакт телефон 070249997 - Одделение за управување со човечки ресурси.

 ПРЕЗЕМИ ПРИЈАВА - АВТОМЕХАНИЧАР

ПРЕЗЕМИ ПРИЈАВА - СЕРВИСЕН МЕХАНИЧАР ЗА КЛИМА УРЕД

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.