Моментален број на посетители:
147
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Оглас за продажба на отпадни материјали
13 септември 2024
 

 

ЈАВНО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПЈЕ

NDËRMARRJA QARKULLUESE PUBLIKE SHKUP        

 

Бул. Александар Македонски бр. 10, 1000 Скопје, Тел. : 02/3174-264, Fax : 02/3174-260, www.jsp.com.mk

 

 

Јавен оглас бр. 02/2024

за продажба на отпадни материјали со прибирање на понуди со јавно отварање

1.                   Предмет на продажба се следните отпадни материјали :

Дел 1:

                1.1          Отпадно железо

                -              до 3мм дебелина (лим, каросерии)

                -              над 3мм дебелина (добоши, лиено железо, федер платно, блокови, менувачи,                  трапови)

                2.1          Отпадни метални буриња

                3.1          Отпаден месинг

                4.1          Отпаден алуминиум

                5.1          Отпаден бакар (бакарен ладилник за вода, бакарни кабли) 

              6.1          Отпадни гуми

               

               

 

                2.            Понудата  не  е деллива

 

Со Понудата задолжително мора да се достават следните документи со кои се докажува лична, професионална и техничка способност на понудувачот:

 

-       Извод од регистрација на дејност од Централен регистар;

-       Потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки;

-       Да се достави бонитет за фирмата за 2021,2022 и 2023г

-       Доказ од судска евиденција, дека не е отворена стечајна постапка или ликвидација;

-       Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена мерка за безбедност - забрана за вршење на дејност, должност или професија;

-       Дозволи издадени од Министерство за животна средина и просторно планирање и тоа:

-       Дозвола за вршење на дејност складирање и третман на отпад

-       Дозвола за вршење на дејност собирање и транспорт на комунален и други видови на неопасен отпад.

-       Дозвола за собирање и транспортирање на опасен и неопасен отпад.

-        

-       Да располага со минимум 2(две) наменски товарни возила (самонатоварач или вградена дигалка) -грајфер во сопственост на понудувачот или може да има изнајмување од друг субјект. Се докажува со прилог копија на сообраќајни дозволи (заверени на нотар) и прилог договор за изнајмување за предметниот оглас.Да има вработено минимум 2(две) лица со струка бравар(заварувач) и 2(две)лица општи работници.Се докажува со м1 и м2 обрасци за вработени

 

Дел 2

 

. Предмет на продажба  се следните отпадни материјали:

1.Употребувано отпадно масло

2. Електронски отпад ( компјутери, печатачи, монитори, тастатури, фотокопир апарати и други електронски уреди)

3.Отпадни филтри за масло од автобуси

4.Отпадни акумулатори

 

 

Понудата  не е деллива

Придружни документи со понудата:

 

- Извод од регистрација на дејност од Централен регистар,

- Документ за бонитет од Централен регистар,

- Потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки,

- Доказ од судска евиденција, дека не е отворена стечајна постапка или ликвидација,

- Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена мерка за безбедност - забрана за вршење на дејност, должност

  или професија,

- Дозволи издадени од Министерството за животна средина  и просторно планирање и тоа:

- Потврда за регистрација на самостоен постапувач со отпадни батерии и акумулатори (точка 4),160601*

- Дозвола за превоз, собирање и транспортирање на опасен отпад (за точка  1 –да има опсег и за отпадни филтри , 2 и 4),

-Дозвола за вршење на дејност складирање и третман на отпад за точка  5 (метал .пластика,дрво.хартија .гума и друго)

 

Придружните документи  не смеат да бидат постари од 6 месеци, освен документот од алинеја 1 и треба да се достават во оригинален примерок или копија заверена од овластено лице.

 

Заинтересираните правни и физички лица писмените понуди, потпишани од одговорното лице на понудувачот,  во затворен коверт без никакви ознаки со кои би се идентификувал понудувачот, можат да достават до---25.09---------------------- во 11 часот, во архивата на претпријатието лично или препорачано по пошта, на адреса: Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Комисија за спроведување на јавен оглас, бул.Александар Македонски бр.10 - Скопје, со назнака во левиот горен дел ,, Не отварај и наведување на бројот на јавниот оглас,,.

 

3. Продажбата ќе се врши со доставување на затворени писмени понуди, со  јавно отварање.

 

4. Критериум за вреднување на понудите е цената со вкалкулиран ДДВ.

-Фирмата што ќе го добие првиот дел (железен отпад и др) да ги земе и отстрани сите  отпадните гуми и стари отпадни армоники од дупли автобуси во рок од 3(три)месеци  според законските регулативии и да се достави план со динамика за подигнување и расчистување на минимум 50% од железниот отпад (стари автобуси.и мешан ѓелезен отпад)

 

 

 

 

 

 

Документите за исполнување на условите за учество на јавниот оглас не смеат да бидат постари од 30 дена од денот на отварање на понудите, освен дозволите издадени од Министрeство за животна средина и просторно планирање и треба да се достават во оригинален примерок или копија заверена од нотар.

 

Понудите кои во прилог нема да ги содржат сите барани документи со кои се докажува лична, професионална и техничка способност на понудувачот, ќе бидат отфрлени.

 

 

Заинтересираните правни лица писмените понуди, потпишани од одговорното лице на понудувачот, во затворен коверт без никакви ознаки со кои би се идентификувал понудувачот, можат да достават до   25.09  год. до 10.00 часот, во архивата на претпријатието лично или препорачано по пошта, на адреса: Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Комисија за спроведување на јавен оглас, булевар „Александар Македонски“ бр.10 - Скопје, со назнака во левиот горен дел „Не отварај“ и наведување на бројот на јавниот оглас.

 

3. Продажбата ќе се врши со доставување на затворени писмени понуди, со јавно отварање на ден ---25.09------------ година во 10.00 часот.

 

4. Критериум за вреднување на понудите е цената .

При вреднувањето на понудите предност ќе има понудувачот кој ќе понуди највисока цена.

 

5. Динамиката на преземање на отпадниот материјал ќе се одвива  во рок 3(три) дена по претходна телефонска или  најава по мејл од продавачот, ЈСП - СКОПЈЕ.

 

Припремата на отпадниот материјал за - сечење, утовар, превоз и мерење на количината на отпадот паѓаат на товар на купувачот. (Се мери на кантарска вага габаритна на празен и полн камион во печатен запис).

 

Транспортот на отпадниот материјал ќе го врши купувачот, на свој трошок, со сопствено возило.

 

 

Договорната страна со која ќе се потпише договор за продажба на железниот отпад од првиот дел о потребно е да изврши авансно плаќање во износ од 500.000 ден на жиро сметка на ЈСП Скопје и кој износ ќе биде вратен на истекот на договорот  , а условите ќе бидат правно вградени во договорите кои ќе бидат потпишани помеѓу договорниот орган и договорната страна.

 

Понудената цена за продажба на металите (железо до 3 мм и над 3 мм, лиено железо, федер платно, алуминиум - мек и тврд, олово, месинг, бакар - бакарен ладилник за вода и бакарни кабли) може да биде променлива согласно промената на пазарната цена на метали во Република Северна Македонија на денот на продажбата. Понудената цена за останати отпадни материјали е фиксна, односно непроменлива.

 

6. За избор на најповолниот понудувач, останатите понудувачи ќе бидат писмено известени, во рок од 7 дена од денот на извршениот избор.

 

Со најповолниот понудувач ЈСП Скопје ќе склучи договор за продажба на отпаден материјал со времетраење од 12 месеци, со кој ќе се уредат правата и обврските на ЈСП Скопје и на Понудувачот.

 

Сите заинтересирани понудувачи за подетални информации можат да се јават на телефон 02/ 3174-264 локал 142, Одделение за безбедност при работа и животна средина.

 

 

                                                                                                                                 

Скопје, 11.09.2024 година.                                                                                 ЈСП - СКОПЈЕ

                                                                                                               

            Изготвил  :                                                                                                   Директор

Управител на отпад  

Дејан Хаџи-Димов                                                                                        Драги Кушовски

                                                                                                                                        

                                                                                                                                 _______________________

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.