Моментален број на посетители:
571
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Упатство за анаеробна дигестија на отпад од прехранбената индустрија
01 декември 2016
 

Упатство за анаеробна дигестија на отпад од прехранбената индустрија

 

Овој извештај е изработен во рамки на проектот Bin2Grid (претворање на неискористен отпад од храна во биометан обезбеден преку локална мрежна на пумпни станици).

Bin2Grid е Хоризон2020-проект, чија цел е унапредување на одделното собирање на отпадот од храна како извор на енергија, конверзија во биогас, надградба во биометан и негово користење во мрежи на станиците за гориво. За да го направи тоа, проектот сака да дефинира стратегии за собирање и третирање на отпадот од храна од различни производители: прехранбената индустрија, домаќинствата и угостителството.

Овој извештај е дел од работниот пакет 3 (WP3), чија цел е да се анализира достапноста на отпад од храна и пијалаци во 4 градови погодни за производство на биогас. WP3 ќе ги оцени потенцијалните количини на отпад кои би можеле да бидат испратени за анаеробна дигестија, потенцијалот биогас кој може да се произведе и ќе даде насоки за подобрување на состојбата во 4-те целни градови.

Целта на овој извештај е да се предложат општи насоки за анаеробна дигестија на отпадот произведен од страна на прехранбената индустрија (ПИ/FAB). Извештајот има за цел да ги претстави општата рамка за управување со отпад од ПИ и негова анаеробна дигестија, како и обезбедување на информации за релевантните фракции кои можат да бидат испратени за АД за различни сектори од ПИ. Методот за оценка на потенцијалот за производство на биогас ќе биде претставен и применет во 4-те целни градови, со цел да им помогне да ги идентификуваат подобрувањата со најголем потенцијал.

 

Овој извештај исто така презентира неколку конкретни примери за илустрација, како и вистинските податоци и можните локални специфичности и ограничувања кои можат да се земат во предвид кога се размислува за нови проекти.

Целиот документ можете да го погледнете на следниов линк:

https://drive.google.com/file/d/0B4msK-usSzktRE54WGxncFZEVFk/view?usp=sharing 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.