Моментален број на посетители:
584
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ОГЛАС ЗА ПРОДАЖБА НА КАМП ПРИКОЛКИ
05 јули 2018
 

 

 ОГЛАС ЗА ПРОДАЖБА НА КАМП ПРИКОЛКИ

Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје ( во текстот:ЈСП Скопје) - Комисијата за спроведување на постапка за прибирање понуди по јавен оглас (во текстот: Комисија), објавува:

 

О  Г  Л  А  С  бр. 02/2018

за продажба на основни средства (автокамп приколки) во сопственост на ЈСП Скопје по пат на прибирање на понуди, со јавно отворање

 

1.Предмет на Огласот

Предмет на огласот е продажба на основни средства – 5 транспортни средства (автокамп приколки), сопственост на ЈСП Скопје по прибирање на писмени понуди со јавно отварање, предвидени со Одлуката за отуѓување на основни средства донесена од  Управниот одбор бр. 02-921/6 од 04.06.2018 - година на ЈСП СКОПЈЕ, вкупна почетна цена.

5 транспортни средства (камп приколки) се лоцирани во кампот „АС“ – Струга

2.Табеларен преглед

2.1.Подетални информации за видот, количини на основните средства, во врска со Огласот, се дадени во Табеларен преглед.

2.2.Табеларниот преглед (наведен во точка 1 на овој поднаслов), може да се добие на веб страната на Јавно сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ (во текстот: ЈСП ): www.jsp.com.mk

3.Право на учество

3.1Право на учество на Огласот имаат сите заинтересирани домашни и странски правни и физички лица кои ги исполнуваат условите дадени во Огласот, односно:

1.Правни лица: домашно правно лице да е регистрирано во Централниот  регистар на Република Македонија, и странско правно лице кое има регистрирано претставништо во Република Македонија.

2.Физичко лице: државјанин на Република Македонија.

3.Продажбата на основните средства од точка 1 ќе се врши со доставување на затворни писмени понуди, со јавно отворање на понудите.

3.1 Право на учество имаат сите правни и физички лица со деловна способност.

3.2 Во случај два понудувачи да имаат иста понудена цена, предност ќе има понудувачот кој прв поднел понуда во архивата на ЈСП СКОПЈЕ – Скопје .

4.Поднесување на понуда

4.1 Заинтересираните правни и физички лица поднесуваат понуди за учество во јавната продажба (во писмена форма), комплетирана со следните докази (приложени во оргинал или фотокопии заверени на нотар):

1.Понуда по образец објавен на веб страната на ЈСП,  пополнета од подносителот во која се наведени податоците за што се однесува истата, како и што се доставува во прилог на понудата ( кои документи) ;

2.За физички лица копија од лична карта;

3.За правни лица доказ за регистрација на правното лице во Централниот регистар (Тековна состојба), не постар од 30 дена;

4.Уредно полномшно за полномошникот што го преставува правното лице, односно доказ за својство на одговорно лице за правното лице;

5.Е-маил адреса на подносителот на понудата, преку која ќе се врши известување на подносителите (за подносителот на понудата кој ќе достави неточна е-маил адреса, ЈСП Скопје ќе нема обврска и последици во врска со тоа); и

6.Телефонски број за контакт.

4.2 Понудите кои не се комплетирани со овие докази нема да се разгледуваат на  отворање на понудите за што подносителите на некомплетните понуди ќе бидат по електронски пат известени.

5.Почетна цена

5.1 Вкупна почетна цена:

Почетната цена за една автокамп приколка на Огласот за прибирањето на писмени понуди за продажба на основните средства од точка 1, изнесува 26.240,00 ( со букви:(дваесет и шест илјади и двестотини и четириесет) денари.

5.2 Цената е без пресметани даноци, согласно позитивните прописи, и истите се на товар на купувачот.

6.Рокови

6.1 Понудите  за учество на јавното наддавање, во затворен плик , со назнака за Оглас за продажба на основни средства бр.02/2018, може да се достават до 16.07.2018 година, до 12 часот по локално време, по пошта во седиштето на ЈСП СКОПЈЕ – Скопје, бул.Александар Македонски бр.10, или директно во архивата на ЈСП, со назнака: До ЈСП СКОПЈЕ – Комисија за спроведување на постапката за прибирање на понуди по јавен оглас.

6.2Јавното отврарање на понудите ќе се одржи на 16.07.2018 година, во 12 часот по локално време, во салата за состаноци, која се наоѓа во седиштето на ЈСП СКОПЈЕ.

7.Постапка

7.1 Комисијата на јавното отварање ги отвара пристигнатите понуди по редоследот по кој тие се заведени во приемната книга на Архивата на ЈСП Скопје. Ја проверува комплетноста на понудите. За понудите кои немаат комплетна документација, Комисијата објавува дека нема да бидат разгледани. Пристапува кон јавно објавување на понудените цени, на комплетните понуди.

7.2.На денот на одржувањето на јавното отворање, овластените лица на подносителите на понудите, со уредно полномошно, можат да поставуваат прашања во врска со јавното отворање на понудите.

7.3.Јавно отворање може да отпочне со пристигната најмалку една понуда.

7.4. Постапката по Огласот го следи и води Комисија, формирана од Директорот на  ЈСП Скопје.

7.5 Во случај да не е поднесена понуда за вкупна набавка, се пристапува кон евалуирање на понудите кои дале понуда и поединечни цени за една автокамп приколка, според редниот број даден во Табеларниот преглед.

7.6 Учесникот – понудувач кој на јавното отварање понудил највисока цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.

7.7 Комисијата по завршувањето на јавното отварање изготвува Извештај за спроведеното јавно отварање на понудите и по електронски пат го доставува до сите учесници кои поднеле понуди.

8. Начин на плаќање

8.1 Најповолниот понудувач е должен во рок од 7 дена, од денот на приемот на  Известувањето за избор на најповолен понудувач, да уплати на сметката на ЈСП Скопје 90% (деведесет проценти) од средствата за продажба на основните средства согласно дадената понуда.

8.2 Останатите средства во износ од 10% (десет проценти) од понудената цена е должен да ги уплати на сметка на ЈСП Скопје во рок од 7 (седум) дена по склчување на договорот за купопродажба..

8.3 Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата од 90% (деведесет проценти) во утврдениот рок, ќе се смета дека основните/то средства/о не се/е продадени/о, и нема да се пристапи кон склучување на договор за купопродажба, а депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени.

8.4 По извршената уплата на износот  во утврдениот рок од точка 8.1,  Директорот на ЈСП Скопје, во рок од 5 (пет) дена, склучува Договор со најповолниот понудувач (купец) за продажба на предметните основни средства.

9. Незадоволните учесници со изјава можат да поднесат приговор до Комисијата во рок од три дена од денот на добивање на Извештајот од одржаното јавно отворање на понудите.

По приговорот со решение Комисијата е должна да одлучи во рок од пет дена од денот на приемот на приговорот. Одлуката на Комисијата е конечна.

10. Овој оглас ќе биде објавен во средствата за јавно информирање - дневни весници и на ВЕБ страната на ЈСП СКОПЈЕ: www.jsp.com.mk.

12. Заинтересираните кандидати, основните средства можат да ги видат на фотографии во дирекцијата на ЈСП СКОПЈЕ  - Автобаза Автокоманда – Скопје, во периодот на траење на огласот,  со претходна најава на телефон 070 268-240, или во кампот „АС“ Струга. Лице за контакт: Дарко Најдоски

 

 

 

                                                                              ЈСП  СКОПЈЕ

                                                Комисија за спроведување на постапката

                                                               за прибирање на понуди

 

                                                    ________________________________________

 

 

                                                                       

                                                                                    Директор

                                                                            Кристијан Чушков

 

ЈСП СКОПЈЕ  - Скопје

    ОГЛАС БР.02/2018

                       ТАБЕЛАРЕН  ПРЕГЛЕД

 НА ОСНОВНИТЕ СРЕДСТВА – АВТОКАМП ПРИКОЛКИ

Реден број

Опис  на основното средство

Количина   во парче

Иинвертарен број

      1

Камп Приколка – производител „Треска“

         1(еден)

4792

      2

Камп Приколка – производител „Треска“

         1(еден)

4793

      3

Камп Приколка – производител „Треска“

        1(еден)

4794

      4

Камп Приколка – производител „Треска“

         1(еден)

4795

      5

Камп Приколка – производител „Треска“

         1(еден)

4796

 

 

Скопје, 05.07.2018                           

 

                                                                          ЈСП  СКОПЈЕ 

                                                Комисија за спроведување на постапката

                                                               за прибирање на понуди

 

                                                ___________________________________________

 

 

 

                                                                                                Директор

                                                                                        Кристијан Чушков

Превземи понуда

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.