Моментален број на посетители:
375
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Оглас за вработување 100 возачи
09 октомври 2018
 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 100 ВОЗАЧИ:

Врз основа на член 20-г од Законот за вработени во јавниот сектор, член 37-и од Законот за јавните претпријатија, како и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас за вработување и интерен оглас за унапредување, начинот на спроведување на селекцијата за вработување и за унапредување како и начинот на бодирањето за давателите на јавни услуги на ЈСП СКОПЈЕ, Годишниот план за вработување на ЈСП СКОПЈЕ бр. 02-1096/3 од 14.05.2018 и Одлуката за утврдување потреба од работник за засновање на работен однос на неопределено време бр. 02-1573/1 од 05.10.2018 година, ЈСП СКОПЈЕ објавува:

 

Ј А В Е Н    О Г Л А С  бр.2/2018

За вработување на 100 даватели на јавна услуга во областа на комуналните дејности и на други дејности заради кои се основани јавните претпријатија од група III, подгрупа IV во ЈСП СКОПЈЕ за следното работно место:

 

 

1.        КДР 03 05 Б04 104 Помлад возач на автобус во јавен превоз (100) извршител (и)

Општи улови:

-       да е државјанин на Република Македонија,

-       активно да го користи македонскиот јазик,

-       да е полнолетен,

-       да има општа здравствена способност за работното место и

-       со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

 

Посебни услови:

-       Стекнато ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование

-       Со или без работно искуство во струката

 

Посебни работни компетенции потребни за работното место:

-       Возачки испит Д категорија

 

Распоред на работно време:

·         Работата се организира во три смени:

- прва смена од    04,30 до 11,00 часот;

- втора смена од  11,00 до 17,00 часот,

- трета смена од  17,00 до 24,00 часот.

·         Должината на дневното работно време може да изнесува 5:40; 06:00; 06:30; 07:00 или 08:00 часа што е во директна зависност од возниот ред на соодветната линија.

·         Неделното работно време зависи од возниот ред на секоја линија. 

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 20.003,00 денари

 

v НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 година се предивидени за: 67 Македонци; 21 Албанци; 2 Турци; 7 Роми; 1 Влав; 2 други.

 

Рокот за пријава: рок за доставување на пријава за вработување е во рок од 5 дена од денот на објавување на огласот на интернет страницата на претпријатието и дневните весници.

Пријавите за вработување се пополнуваат на образец изготвен од страна на институцијата која го објавува огласот, истите можат да се подигнат од Архивата на ЈСП СКОПЈЕ и на веб страната www.jsp.com.mk и пополнети се доставуваат во Архивата на ЈСП СКОПЈЕ на адреса Бул.Александар Македонски бр.10 Скопје, контакт телефон 3174264 лок 114 лице за контакт: Коста Поповски.

 

Со пријавите по огласот кандидатите треба да достават:

-     Уверение за државјанство (копија)

-     Диплома за завршено образование (заверена на нотар)

-       Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;

-     Фотокопија од возачка дозвола Д категорија (заверена на нотар)                   

 

Изборот на кандидати ќе се врши во рок од 45 дена, доколку се пријават повеќе од 200 кандидати за едно работно место изборот на кандидати се врши во рок од 60 дена, од 201 до 500 кандидати од 90 дена, над 500 кандидати од 120 дена по истекот на рокот за пријавување.

 

Постапката за селекција за вработување на давателите на јавни услуги во претпријатието се состои од три фази и тоа:

 

Фаза 1 - Административна селекција која опфаќа проверка на внесените податоци во пријавата со

условите утврдени во јавниот оглас и проверка на приложените докази во пријавата; 

Фаза 2 – Интервју

Фаза 3 - Тестирање и практична проверка на способностите на кандидатите

 

 

 

Скопје, 9.10.2018 година

Превземи пријава                                                                                         

 

                                                                                               

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.