Моментален број на посетители:
689
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Интерен оглас за пополнување на работно место со унапредување
21 ноември 2018
 

 ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО

 

Врз основа на член  30, 48, 49 и 50 од Законот за административни службеници, Правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-1445/4 од 11.11.2015 година, Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-1670/3-1 од 30.12.2015 година, Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-713/5-1 од 27.04.2016 година, Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-1250/3 од 20.07.2016 година и Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-111/6-1 од 29.01.2018 година, Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 3/2018

за пополнување на работно место со унапредување

 

      1.            Раководител на сектор за јавни набавки со шифра КДР0102Б02009, 1 (еден) извршител со исполнување на следните посебни услови:

 

-       ниво на квалификации VI А според Македонска рамка на квалификации истекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правни науки, економски науки или организациони науки и управување (менаџмент);

 

-       работно искуство најмалку пет години  во струката, од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватниот сектор;

 

-       Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

 

-       Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Покрај горенаведените посебни услови, предвидени со посебни услови, предвидени со Правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-1445/4 од 11.11.2015 година, Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-1670/3-1 од 30.12.2015 година, Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-713/5-1 од 27.04.2016 година, Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-1250/3 од 20.07.2016 година и Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-111/6-1 од 29.01.2018 година, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување на работници согласно Законот за работни односи.

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните општи услови:

-       да е државјанин на Република Македонија;

-       активно да го користи македонскиот јазик;

-       да е полнолетен;

-       да има општа здравствена способност за работното место и

-       со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност и должност.

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-1445/4 од 11.11.2015 година, Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-1670/3-1 од 30.12.2015 година, Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-713/5-1 од 27.04.2016 година, Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-1250/3 од 20.07.2016 година и Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-111/6-1 од 29.01.2018 година, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:

-       да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување;

-       да е на работно место непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;

-       да поминал најмалку две години на тековното работно место и

-       да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година при објавување на интрниот оглас.

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:

-       потврда за успешно реализирани обуки и/или

-       потвди за успешно реализирано менторство.

Рок за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на интерниот оглас.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.

Пополнетата пријава и доказите за податоците содржани во пријавата кандидатите треба да ја поднесат во писмена форма преку Архивата на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Дневното работно време трае 8 часа кое е флексибилно и тоа  од 07:30/08:30 до 15:30/16:30 часот. Неделно работно време е 40 (четириесет) часа.

Паричниот износ на основната нето плата за работното место изнесува:

1.       Раководител на сектор за јавни набавки        -           40.798,00 денари;

            Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување.

 

НАПОМЕНА:  Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка на овој оглас.

                                                                                                                                               

ЈСП СКОПЈЕ

                                                                                                                        ДИРЕКТОР

                                                            _____________________

                                                                                    Кристијан Чушков

 

Превземи молба                                                                                                                                    

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.