ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТ
Врз основа на член 52 од Законот на административни службеници, член 10 од Колективниот договор на Јавното сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ, во врска со интерниот оглас бр. 03/2018 од 21.11.2018 година, Директорот на претпријатието на ден 11.12.2018 година донесе:
О Д Л У К А
За избор на кандидат
1. Согласно интерниот оглас за унапредување објавен на ден 21.11.2018 година на веб страната на ЈСП СКОПЈЕ и веб страната на Агенцијата за администрација за работното место Раководител на Сектор за јавни набавки– се избира кандидатот:
Дарко Најдоски
2. Составен дел на Одлуката се записниците бр. 02-1796/3 од 04.12.2018 и 02-1796/4 од 10.12.2018 година.
3. Одлуката да се достави до кандидатите за унапредување и да се објави на веб страница на ЈСП Скопје.
Правна поука:
Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право во рок од 8 (осум) дена да поднесе жалба до комисијата во Агенција за администрација.
ЈСП СКОПЈЕ
Директор
__________________
Кристијан Чушков