Моментален број на посетители:
371
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Оглас
28 март 2019
 

 ОГЛАС

Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје ( во текстот: ЈСП Скопје) - Комисијата за спроведување на постапка за прибирање понуди по јавен оглас (во текстот: Комисија), објавува:

 

О  Г  Л  А  С  бр. 01/2019

за продажба на основни средства (автокамп приколки) во сопственост на ЈСП Скопје по пат на прибирање на понуди, со јавно отворање

 

1.Предмет на Огласот

Предмет на огласот е продажба на основни средства – 5 транспортни средства (автокамп приколки), сопственост на ЈСП Скопје по прибирање на писмени понуди со јавно отварање, предвидени со Одлуката за отуѓување на основни средства донесена од  Управниот одбор бр. 02-921/6 од 04.06.2018 - година на ЈСП СКОПЈЕ, вкупна почетна цена.

5 транспортни средства (камп приколки) се лоцирано во кампот „АС“ – Струга

2.Табеларен преглед

2.1.Подетални информации за видот, количини на основните средства, во врска со Огласот, се дадени во Табеларен преглед.

2.2.Табеларниот преглед (наведен во точка 1 на овој поднаслов), може да се добие  на веб страната на Јавно сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ (во текстот: ЈСП ): www.jsp.com.mk

3.Право на учество

3.1Право на учество на Огласот имаат сите заинтересирани домашни и странски правни и физички лица кои ги исполнуваат условите дадени во Огласот, односно:

1.Правни лица: домашно правно лице да е регистрирано во Централниот  регистар на Република Северна Македонија и странско правно лице кое има регистрирано претставништво во Република Северна Македонија.

2.Физичко лице: државјанин на Република Северна Македонија.

3.Продажбата на основните средства од точка 1 ќе се врши со доставување на затворни писмени понуди, со јавно отворање на понудите.

3.1 Право на учество имаат сите правни и физички лица со деловна способност.

3.2 Во случај двајца понудувачи да имаат иста понудена цена, предност ќе има понудувачот кој прв поднел понуда во архивата на ЈСП СКОПЈЕ – Скопје .

4.Поднесување на понуда

4.1 Заинтересираните правни и физички лица поднесуваат понуди за учество во јавната продажба (во писмена форма), комплетирана со следните докази (приложени во оргинал или фотокопии заверени на нотар):

1.Понуда по образец објавен на веб страната на ЈСП Скопје,  пополнета од подносителот во која се наведени податоците за што се однесува истата, како и што се доставува во прилог на понудата ( кои документи) ;

2.За физички лица копија од лична карта;

3.За правни лица доказ за регистрација на правното лице во Централниот регистар (Тековна состојба), не постар од 30 дена;

4.Уредно полномшно за полномошникот што го преставува правното лице, односно доказ за својство на одговорно лице за правното лице;

5.Е-маил адреса на подносителот на понудата, преку која ќе се врши известување на подносителите ( за подносителот на понудата кој ќе достави неточна е-маил адреса, ЈСП Скопје ќе нема обврска и последици во врска со тоа); и

6.Телефонски број за контакт.

4.2 Понудите кои не се комплетирани со овие докази нема да се разгледуваат на  отворање на понудите за што подносителите на некомплетните понуди ќе бидат по електронски пат известени.

5.Почетна цена

5.1 Вкупна почетна цена:

Почетната цена за една автокамп приколка на Огласот за прибирањето на писмени понуди за продажба на основните средства од точка 1, изнесува 18.400,00 ( со букви: (осумнаесет илјади и четиристотини) денари.

5.2 Цената е без пресметани даноци, согласно позитивните прописи, и истите се на товар на купувачот.

6.Рокови

6.1 Понудите  за учество на јавното наддавање, во затворен плик , со назнака за Оглас за продажба на основни средства бр.01/2019, може да се достават до 05.04.2019 година, до 12 часот по локално време, по пошта во седиштето на ЈСП СКОПЈЕ – Скопје, бул.Александар Македонски бр.10, или директно во архивата на ЈСП, со назнака: До ЈСП СКОПЈЕ – Комисија за спроведување на постапката за прибирање на понуди по јавен оглас.

6.2Јавното отврарање на понудите ќе се одржи на 05.04.2019 година, во 12 часот по локално време, во салата за состаноци, која се наоѓа во седиштето на ЈСП СКОПЈЕ.

7.Постапка

7.1 Комисијата на јавното отварање ги отвара пристигнатите понуди по редоследот по кој се заведени во приемната книга на Архивата на ЈСП Скопје. Ја проверува комплетноста на понудите. Понудите кои се со некомплетна документација објавува дека нема да бидат разгледани. Пристапува кон јавно објавување на понудените цени, на комплетните понуди.

7.2.На денот на одржувањето на јавно отворање  овластените лица на подносителите на понудите, со уредно полномошно, можат да поставуваат прашања во врска со јавното отворање на понудите.

7.3.Јавно отворање може да отпочне со пристигната најмалку една понуда.

7.4. Постапката по Огласот го следи и води Комисија, формирана од Директорот на  ЈСП Скопје.

7.5 Учесникот – понудувач кој на јавното отварање понудил највисока цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.

7.6 Комисијата по завршувањето на јавното отварање изготвува Извештај за спроведеното јавно отварање на понудите и по електронски пат го доставува до сите учесници кои поднеле понуди.

8. Начин на плаќање

8.1 Најповолниот понудувач е должен во рок од 7 дена, од денот на приемот на  Известувањето за избор на најповолен понудувач, да уплати на сметката на ЈСП Скопје 90% (деведесет проценти) од средствата за продажба на основните средства согласно дадената понуда.

8.2 Останатите средства во износ од 10% (десет проценти) од понудената цена е должен да ги уплати на сметка на ЈСП Скопје во рок од 7 (седум) дена по склучување на договорот за купопродажба.

8.3 Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата од 90% (деведесет проценти) во утврдениот рок, ќе се смета дека основните/то средства/о не се/е продадени/о, и нема да се пристапи кон склучување на договор за купопродажба, а депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени.

8.4 По извршената уплата на износот  во утврдениот рок од точка 8.1,  Директорот на ЈСП Скопје, во рок од 5 (пет) дена, склучува Договор со најповолниот понудувач (купец) за продажба на предметните основни средства.

9. Незадоволните учесници  можат да изјават приговор до Комисијата во рок од три дена од денот на добивање на Извештајот од одржаното јавно отворање на понудите.

По приговорот со решение Комисијата е должна да одлучи во рок од пет дена од денот на приемот на приговорот. Одлуката на Комисијата е конечна.

10. Овој оглас ќе биде објавен во средствата за јавно информирање - дневни весници и ВЕБ страната на ЈСП СКОПЈЕ: www.jsp.com.mk.

12. Заинтересираните кандидати, основните средства можат да ги видат на слики во дирекцијата на ЈСП СКОПЈЕ  - Автобаза Ѓорче Петров – Скопје, во периодот на траење на огласот,  со претходна најава на телефон 070 331-603, или во кампот „АС“ Струга Лице за контакт: Димитар Кочовски

 

 

 

                                                                                                        ЈСП  СКОПЈЕ

                                                                                  Комисија за спроведување на постапката

                                                                                                за прибирање на понуди

 

                                                                              ________________________________________

      Превземи понуда

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.