Моментален број на посетители:
562
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ОГЛАС
17 август 2019
 

 ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

                                 ЈАВНО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПЈЕ
                                 NDËRMARRJA QARKULLUESE PUBLIKE SHKUP
 
Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи, член 31 став 1 алинеја 14 од Статутот на ЈСП СКОПЈЕ , член 11 од Колективниот Договор на ЈСП СКОПЈЕ и Правилникот за систематизација на работни места на ЈСП СКОПЈЕ, Директорот на 17.08.2019 година објавува:
 
ЈАВЕН ОГЛАС
 
ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ
 
I. Јавното сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ објавува оглас за засновање на работен однос на неопределено време за работното место:
 
1. 43. КДР0401А03005 Хигиеничар, Оддел за одржување хигиена, Одделение за сообраќај –
Сектор автобаза Автокоманда- 1 извршител.
 
  Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- активно да го користи македонскиот јазик;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија,
дејност или должност
 Посебни услови:
- Најмалку ниво на квалификации I или основно образование
 Потребно работно искуство:
- Со или без работно искуство
 Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:
во прва смена:
- од 07.00 до 15.00 часот (пауза од 09.30 до 10.00 часот) во петдневна работна недела со
дневно работно време од 8 часа и
само во втора смена:
- од 14.00 часот до 22.00 часот (пауза од 16.30 до 17.00 часот) со дневно работно време од 8
часа и петдневна работна недела од 40 часа,
- од 15.00 часот до 22.00 часот (пауза од 16.30 до 17.00 часот) со дневно работно време од 7
часа и шестдевна работна недела од 42 часа.
во турнус:
- прва смена од 06.00 до 14.00 часот (пауза од 9.30 до 10.00 часот),
- втора смена од 14.00 до 22.00 часот (пауза од 16.30 до 17.00 часот),
- трета смена од 22.00 до 6.00, односно до 5.00 часот, во зависност од распоредот за работа,
а пауза се користи од 00.30 до 01.00 часот.
само во прва смена:
За дел од вработените работата се организира само во прва смена и тоа:
- од 06.00 до 14.00 часот (пауза од 09.30 до 10.00 часот) со дневно работно време од 8 часа
во петдневна рботна недела и
- од 06.00 до 13.00 часот (пауза од 09.30 до 10.00 часот) со дневно работно време од 7 часа
во шестдневна работна недела.
Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 14.502,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за  2019 год. се:
Македонец (ка) 1.
 
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за  2019 год. се:
Македонец(ка) 1.
2. Со пријавите по огласот кандидатите треба да достават:
- Кратка биографија (CV)
- Уверение за државјанството (копија)
- Диплома за завршено образование (копија заверена на нотар)
 
II. Времетраењето на јавниот оглас е 3 работни дена од денот на објавувањето на огласот.
 
III. Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена од истекот на рокот на пријавувањето.
IV. Некомплетните и ненавремено доставени пријави нема да се земат во предвид при разгледувањето.
V. Пријавите со бараната документација да се достават во архивата на ЈСП СКОПЈЕ на Бул.
Александар Македонски бр.10 Скопје, контакт телефон 3174-264 лок. 106 и 3173-656 лице за контакт
Коста Поповски.
 
 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.