Моментален број на посетители:
576
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Оглас
01 ноември 2019
 

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДАВАТЕЛИ НА ЈАВНИ УСЛУГИ

 

Врз основа на член 20-г од Законот за вработени во јавниот сектор, член 37-и од Законот за јавните претпријатија, како и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас за вработување и интерен оглас за унапредување, начинот на спроведување на селекцијата за вработување и за унапредување како и начинот на бодирањето за давателите на јавни услуги на ЈСП СКОПЈЕ, Годишниот план за вработување на ЈСП СКОПЈЕ бр. 02-404/3 од 18.12.2018 година и Одлуката за утврдување потреба од работник за засновање на работен однос на неопределено време бр. 02-1233/1 од 30.10.2019 година, ЈСП СКОПЈЕ објавува:

 

Ј А В Е Н    О Г Л А С  бр. 4/2019

За вработување на давател на јавна услуга во областа на комуналните дејности и на други дејности заради кои се основани јавните претпријатија од група III, подгрупа 5 во ЈСП СКОПЈЕ за следното  работно места

 

 

 

223. КДР0305Б01131 Оперативен сообраќаен инженер во Одделение за оперативен контролен центар – Сектор за сообраќај – (1) извршител

 

Општи улови:

-       да е државјанин на Република Северна Македонија,

-       активно да го користи македонскиот јазик,

-       да е полнолетен,

-       да има општа здравствена способност за работното место и

-       со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност  или  должност.

 

Посебни услови:

-       Стекнато ниво на квалификации VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршено VII/1 степен – сообраќај и транспорт.

-       Потврда за познавање на компјутерски програми;

-       Сертификат – потврда за познавање на странски јазик.

 

Потребно работно искуство:

-       Најмалку три години работно искуство во струката

 

Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

·         Работното време е во турнус (три смени) на принцип 6+2 и тоа:

         Прва смена од 04,30 до 11,30 часот;

         Втора смена од 11,00 до 17,30 часот;

         Трета смена од 17,00 до 24,00 часот

·         Работата е по систем непрекината работна недела со 40 часовно работно време неделно. 

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 25.503,00 денари

 

 

 

 

v НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 година е предвидено за: 1 Македонец/ка.

 

Рокот за пријава: рок за доставување на пријава за вработување е во рок од  15 дена од денот на објавување на  огласот  на интернет страницата на претпријатието и дневните весници.

Пријавите за вработување се пополнуваат на образец изготвен од страна на инситуцијата која го објавува огласот, истите можат да се прибават од Архивата на ЈСП СКОПЈЕ и на веб страната www.jsp.com.mk и пополнети се доставуваат во Архивата на ЈСП СКОПЈЕ на адреса Бул.Александар Македонски бр.10 Скопје, контакт телефон 02/ 3174264  локал 114 и 02/ 3173656 Одделение за управување со човечки ресурси.

 

Со пријавите по огласот кандидатите треба да достават:

-     Уверение за државјанство (копија)

-     Диплома за завршено образование (заверена на нотар)

-       Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;                           

 

Изборот на кандидати ќе се врши во рок од 45 дена, доколку се пријават повеќе од 200 кандидати за едно работно место изборот на кандидати се врши во рок од 60 дена, од 201 до 500 кандидати од 90 дена, над 500 кандидати од 120 дена по истекот на рокот за пријавување.

 

Постапката за селекција за вработување на давателите на јавни услуги во претпријатието се состои од  две фази и тоа:

 

Фаза 1 - Административна селекција која опфаќа проверка на внесените податоци во пријавата со

условите утврдени во јавниот оглас и проверка на приложените докази во пријавата; 

Фаза 2 – Интервју

Превземи пријава

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.