Моментален број на посетители:
652
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Јавне оглас за вработување на неопределено време
23 октомври 2020
 

  

ЈАВНО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПЈЕ

NDËRMARRJA QARKULLUESE PUBLIKE SHKUP

 

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи, член 31 став 1 алинеја 14 од Статуот на ЈСП СКОПЈЕ , член 11  од Колективниот Договор на ЈСП СКОПЈЕ и Правилникот за систематизација на работни места на ЈСП СКОПЈЕ, Директорот на 23.10.2020 година објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС

ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

 

 

I.        Јавното сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ објавува оглас за засновање на работен однос на неопределено време за работните места:

 

1.       47.  КДР0401А03008 Чистач, Оддел за одржување на терминал Транспортен центар, Одделение за сообраќај – Сектор автобаза Автокоманда  - 2 извршители.

 

·        Општи услови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија;

-         активно да го користи македонскиот јазик;

-         да е полнолетен;

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

·        Посебни услови:

-         Најмалку ниво на квалификации I или основно образование.

·        Потребно работно искуство:

-         Со или без работно искуство.

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

прва и втора смена:

-         прва смена од 05,30 до 13,30 часот и од 06,00 до 14,00 часот  (пауза од 08,30 до 09,00 часот),

-         втора смена од 14,00 до 22,00 часот и од 14,30 до 22,30 часот (пауза од 16,30 до 17,00 часот).

Неделен одмор се користи според распоредот на вработените.

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 14.947,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се: Македонец(ка) 1 и Албанец(ка) 1.

 

2.       100.  КДР0401А03030  Помошник автоелектричар, Оддел за автоелектричарско одржување, природен гас и климатизација, Одделение за ремонт и одржување – Сектор автобаза Автокоманда  - 1 извршител.

 

·        Општи услови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија;

-         активно да го користи македонскиот јазик;

-         да е полнолетен;

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

·        Посебни услови:

·        Најмалку ниво на квалификации I или основно образование.

·        Потребно работно искуство:

-         Со или без работно искуство.

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

во прва смена

-         од 07,00 до 15,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот) со дневно работно време од 8 часа  во петдневна  работна недела и

-         од 07,00 до 14,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот) со дневно работно време од 7 часа, во шестдневна работна недела.

во турнус:

-         прва смена  од 06,00 до 14,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот);

-         втора смена од 14,00  до 22,00 часот (пауза од 16,30 до 17,00 часот);

-         трета смена од 22,00 до 06,00 часот (пауза од 00,30 до 01,00 часот).

Дневното работно време е 8 часа  во шестдневна работна недела.

 

-        За дел од вработените работното време се организира само во прва смена со почеток од 07,00 до 14,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот) со дневно работно време од 7 часа  во шестдневна работна недела.

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 15.993,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се: Албанец(ка) 1.

 

3.       174.  КДР0401А02033  Автомеханичар, Оддел за тековно одржување, Одделение за ремонт и одржување – Сектор автобаза Ѓорче Петров  - 2 извршители.

 

·        Општи услови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија;

-         активно да го користи македонскиот јазик;

-         да е полнолетен;

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

 

·        Посебни услови:

-         Најмалку ниво на квалификации III, 180 кредити според ЕЦВЕТ или тригодишно средно образование - автомехаичар

·        Потребно работно искуство:

-         Со или без работно искуство

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

прва и втора смена

-         прва смена од 07,00 до 14,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот) со дневно работно време од 7 часа  во шестдневна работна недела и

-         прва смена од 07,00 до 15,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот) со дневно работно време од 8 часа, во петдневна работна недела,

-         втора смена од 14,00 до 22,00 (пауза од 16,30 до 17,00 часот) со дневно работно време од 8 часа, во петдневна работна недела.

само прва смена

-         од 07,00 до 11,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот) со дневно работно време од 4 часа  во петдневна работна недела,

-         од 07,00 до 15,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот) со дневно работно време од 8 часа  во петдневна работна недела,

-         од 07,00 до 14,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот) со дневно работно време од 7 часа  во шестдневна работна недела, неделен одмор во сабота и недела според распоред.

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 17.990,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се: Албанец(ка) 1 и Турчин (1).

 

Со пријавите по огласот кандидатите треба да достават:

-         Кратка биографија (CV)

-         Уверение за државјанството (копија)

-         Диплома за завшено образование  (копија заверена на нотар)

 

II.       Времетраењето на јавниот оглас е 5 работни дена од денот на објавувањето на  огласот.

III.     Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена од истекот на  рокот на пријавувањето.

IV.     Некомлетните и ненавремено доставени пријави нема да се земат предвид при разгледувањето

Пријавите со бараната документација да се достават во архивата на ЈСП СКОПЈЕ на булевар „Александар Македонски“ бр.10 Скопје, контакт телефон 3174-264 лок. 106 и 3173-656 - Одделение за управување со човечки ресурси.


ПРЕЗЕМИ ПРИЈАВА ЗА ЧИСТАЧ

ПРЕЗЕМИ ПРИЈАВА ЗА ПОМОШНИК АВТОЕЛЕКТРИЧАР

ПРЕЗЕМИ ПРИЈАВА ЗА АВТОМЕХАНИЧАР

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.