Моментален број на посетители:
2286
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Јавен оглас 3/2021
05 јуни 2021
 

                                     ЈАВНО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПЈЕ 

                                         NDËRMARRJA QARKULLUESE PUBLIKE SHKUP

 

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи, член 31 став 1 алинеја 14 од Статуот на ЈСП СКОПЈЕ , член 11  од Колективниот Договор на ЈСП СКОПЈЕ и Правилникот за систематизација на работни места на ЈСП СКОПЈЕ, Директорот на 04.06.2021 година објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 3/2021

ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

 

I.        Јавното сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ објавува оглас за засновање на работен однос на неопределено време за работните места

 

                  1.        КДР0401А02064  Универзален автолимар, Оддел за браварско и лимарско одржување, Одделение за ремонт и одржување – Сектор автобаза Автокоманда -1 извршител.

·        Општи услови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија;

-         активно да го користи македонскиот јазик;

-         да е полнолетен;

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

·        Посебни услови:

-         најмалку ниво на квалификации III, 180 кредити според ЕЦВЕТ или тригодишно средно образование- автолимар или каросериски механичар.

·        Потребно работно искуство:

-         со или без работно искуство

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

прва и втора смена:

-         прва смена од 06:00 до 14:00 часот (пауза од 09:30 до 10:00 часот), со дневно работно време од 8 часа во четиридневна работна недела

-         втора смена од 14:00 до 22:00 часот (пауза од 16:30 до 17:00 часот), со дневно работно време од 8 часа во петдневна работна недела

само прва смена

-         од 07:00 до 15:00 часот (пауза од 09:30 до 10:00 часот), со дневно работно време од 8 часа во петдневна работна недела

-         од 07:00 до 14:00 часот (пауза од 09:30 до 10:00 часот), со дневно работно време од 7 часа во шестдневна работна недела

Неделен одмор се користи според распоредот на вработените.

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 19.004,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 година. се: Македонец(ка) 1.

 

                  2.        КДР0401А02066  Универзален автолакер, Оддел за браварско и лимарско одржување, Одделение за ремонт и одржување – Сектор автобаза Автокоманда  - 1 извршител.

·        Општи услови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија;

-         активно да го користи македонскиот јазик;

-         да е полнолетен;

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

·        Посебни услови:

-         најмалку ниво на квалификации III, 180 кредити според ЕЦВЕТ или тригодишно средно образование- автолакер или каросериски механичар

·        Потребно работно искуство:

-         со или без работно искуство  

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

прва и втора смена:

-         прва смена од 06:00 до 14:00 часот (пауза од 09:30 до 10:00 часот), со дневно работно време од 8 часа во четиридневна работна недела

-         втора смена од 14:00 до 22:00 часот (пауза од 16:30 до 17:00 часот), со дневно работно време од 8 часа во петдневна работна недела

само прва смена

-         од 07:00 до 15:00 часот (пауза од 09:30 до 10:00 часот), со дневно работно време од 8 часа во петдневна работна недела

-         од 07:00 до 14:00 часот (пауза од 09:30 до 10:00 часот), со дневно работно време од 7 часа во шестдневна работна недела

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 19.004,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 година се: Македонец(ка) 1.

 

                  3.        КДР0401А03005  Хигиеничар, Оддел за одржување хигиена, Одделение за сообраќај – Сектор автобаза Автокоманда  - 7  извршители.

·        Општи услови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија;

-         активно да го користи македонскиот јазик;

-         да е полнолетен;

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

·        Посебни услови:

-         најмалку ниво на квалификации I или основно образование

·        Потребно работно искуство:

-         Со или без работно искуство

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работно време

Во прва смена:

-         од 07:00 до 15:00 часот (пауза од 09:30 до 10:00 часот) во петдневна работна недела со дневно работно време од 8 часа и

само втора смена:

-         од 14:00 часот до 22:00 часот ( пауза од 16:30 до 17:00 часот) со дневно работно време од 8 часа и петдневна работна недела од 40 часа,

-         од 15:00 часа од 22:00 часот (пауза од 16:30 до 17:00 часот) со дневно работно време од 7 часа и шестдневна работна недела од 42 часа.

во турнус:

-         прва смена од 06:00 до 14:00 часот (пауза од 09:30 до 10:00 часот)

-         втора смена од 14:00 до 22:00 часот (пауза од 16:30 до 17:00 часот)

трета смена од 22:00 до 06:00 односо од 05:00 часот, во зависност од распоредот за работа, а пауза се користи од 00:30 до 01:00 часот.

Само во прва смена

  За дел од вработените работата се организира само во прва смена и тоа

-         од 06:00 до 14:00 часот (пауза од 09:30 до 10:00 часот) со дневно работно време од 8 часа во петдневна работна недела и

-         од 06:00 до 13:00 часот (пауза од 09:30 до 10:00 часот со дневно работно време од 7 часа во шестдневна работна недела.

Неделното работно време трае 40 работни часа.  

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 15.200,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 година. се: Роми 2 и Македонци(ка) 5.

 

                  4.        КДР0401А03017   Ракувач на перална,  Оддел за одржување хигиена, Одделение за сообраќај – Сектор автобаза Автокоманда  - 2  извршители.

·        Општи услови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија;

-         активно да го користи македонскиот јазик;

-         да е полнолетен;

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

·        Посебни услови:

-         најмалку ниво на квалификации I или основно образование

·        Потребно работно искуство:

-         Со или без работно искуство

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работно време

Во прва смена:

-         од 07:00 до 15:00 часот (пауза од 09:30 до 10:00 часот) во петдневна работна недела со дневно работно време од 8 часа и

Само во втора смена:

-         од 14:00 часот до 22:00 часот ( пауза од 16:30 до 17:00 часот) со дневно работно време од 8 часа и петдневна работна недела од 40 часа,

-         од 15:00 часа од 22:00 часот (пауза од 16:30 до 17:00 часот) со дневно работно време од 7 часа и шестдневна работна недела од 42 часа.

Во турнус:

-         прва смена од 06:00 до 14:00 часот (пауза од 09:30 до 10:00 часот)

-         втора смена од 14:00 до 22:00 часот (пауза од 16:30 до 17:00 часот)

-         трета смена од 22:00 до 06:00 односо од 05:00 часот, во зависност од распоредот за работа, а пауза се користи од 00:30 до 01:00 часот.

Само во прва смена

За дел од вработените работата се организира само во прва смена и тоа

-         од 06:00 до 14:00 часот (пауза од 09:30 до 10:00 часот) со дневно работно време од 8 часа во петдневна работна недела и

-         од 06:00 до 13:00 часот (пауза од 09:30 до 10:00 часот со дневно работно време од 7 часа во шестдневна работна недела.

Неделното работно време трае 40 работни часа.  

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 15.993,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 година се: Ром 1 и Македонец(ка) 1.

 

                  5.        КДР0405А02002,  Магационер,  Оддел за складирање, Одделение за ремонт и одржување,- Сектор автобаза Автокоманда -  4  извршители

·        Општи услови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија;

-         активно да го користи македонскиот јазик;

-         да е полнолетен;

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

·        Посебни услови:

-         најмалку ниво на квалификации III, 180 кредити според ЕЦВЕТ или тригодишно средно образование, 

·        Потребно работно искуство:

-         со или без работно искуство

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работно време:

Во прва смена:

-         од 07:00 до 15:00 часот (пауза од 09:30 до 10:00 часот) во петдневна работна недела со дневно работно време од 8 часа

          прва и втора смена:

-         прва смена од 08:00 часот до 16:00 часот (пауза од 12:00 до 12:30 часот) со дневно работно време од 8 часа,

-         втора смена од 16:00 часот до 24:00 часот (пауза од 20:00 до 20:30 часот) со дневно работно  време од 8 часа.

                                     во турнус:

-         прва смена од 06:00 до 14:00 часот (пауза од 9:30 до 10:00 часот),

-         втора смена од 14:00 до 22:00 часот (пауза од 16:30 до 17:00 часот),

-         трета смена од 22:00 до 6:00, (пауза од 00:30 до 01:00 часот).

Неделното работно време трае 40 работни часа. 

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 17.990,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 година. се: Албанец(ка) 1 и Македонци(ка) 3.

 

                  6.        КДР0403А02002,  Возач на патничко возило,  Одделение за организационо-технички работи и евиденција, - Сектор автобаза Автокоманда -  1  извршител.

·        Општи услови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија;

-         активно да го користи македонскиот јазик;

-         да е полнолетен;

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

·        Посебни услови:

-         најмалку ниво на квалификации III, 180 кредити според ЕЦВЕТ или тригодишно средно образование.

·        Потребно работно искуство:

-         со или без работно искуство

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работно време:

-         Работното време е флексибилно и почетокот на работното време се организира меѓу од 07,30 и 08,30 часот, а завршувањето меѓу 15,30 и 16,30 часот (пауза од 11,00 до 11,30 часот)  со дневно работно време од 8 часа во петдневна работна недела. Полното неделно работно време изнесува 40 часа. Неделниот одмор се користи во сабота и недела. 

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 17.784,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за  2021 година се: Албанец(ка) 1.

 

                  7.        КДР0401А03005,  Хигиеничар,  Оддел за одржување хигиена, Одделение за сообраќај – Сектор автобаза Ѓорче Петров  - 5  извршители.

·        Општи услови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија;

-         активно да го користи македонскиот јазик;

-         да е полнолетен;

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

·        Посебни услови:

-         најмалку ниво на квалификации I или основно образование

·        Потребно работно искуство:

-         Со или без работно искуство

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работно време:

прва и втора смена

Во прва смена:

-         од 07:00 до 15:00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот) во петдневна работна недела со дневно работно време од 8 часа и

Само во втора смена:

-         од 14:00 часот до 22:00 часот ( пауза од 16:30 до 17:00 часот) со дневно работно време од 8 часа и петдневна работна недела од 40 часа,

-         од 15:00 часа од 22:00 часот (пауза од 16:30 до 17:00 часот) со дневно работно време од 7 часа и шестдневна работна недела од 42 часа.

Во турнус:

-         прва смена од 06:00 до 14:00 часот (пауза од 09:30 до 10:00 часот)

-         втора смена од 14:00 до 22:00 часот (пауза од 16:30 до 17:00 часот)

-         трета смена од 22:00 до 06:00 односно од 05:00 часот, во зависност од распоредот за работа, а пауза се користи од 00:30 до 01:00 часот.

Само во прва смена

За дел од вработените работата се организира само во прва смена и тоа

-         од 06:00 до 14:00 часот (пауза од 09:30 до 10:00 часот) со дневно работно време од 8 часа во петдневна работна недела и

-         од 06:00 до 13:00 часот (пауза од 09:30 до 10:00 часот со дневно работно време од 7 часа во шестдневна работна недела.

Неделното работно време трае 40 работни часа.  

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 15.200,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 година се: Албанец(ка) 2 и Ром 1 и Македонци(ка) 2.

 

                  8.        КДР0402А02007  Работник за обезбедување имот и лица, Одделение за обезбедување и ПП заштита, Сектор за правни и општи работи – 3  извршители.

·        Општи услови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија;

-         активно да го користи македонскиот јазик;

-         да е полнолетен;

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

·        Посебни услови:

-         најмалку ниво на квалификации III, 180 кредити според ЕЦВЕТ или тригодишно средно образование, -лиценца за обезбедување на имот и лица.

·        Потребно работно искуство:

-         со или без работно искуство

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работно време:

Обезбедување на автобази:

Работа во турнус:

-         прва смена од 06:00 до 14:00 часот,

-         втора смена од 14:00 до 22:00 часот,

-         трета смена од 22:00 до 06:00 часот.

Дневно работно време од 8 часа, во шестдневна работна недела и користење на 2 дена неделен одмор. Распоредот на работното време е по принципот на непрекината работна недела со 48 часовно работно време неделно.

Обезбедување на инкасатори:

работното време е организирано во две смени (прва и втора) од понеделник до сабота и тоа:

-         прва смена од 07:00 до 14:00 часот,

-         втора смена од 12:30 до 19:30 часот со дневно работно време од 7 часа во шестдневна работна недела и неделно работно време од 42 часа

Обезбедување на админстративни простории:

од 08:00 до 16:00 часот, дневно работно време од 8 часа, во петдневна работна недела од 40 часа

Обезбедување на Транспортен центар

Обезбедувањето на терминалот Транспортен центар  се врши само во трета смена  од 22:00 до 06:00 часот три дена со два дена неделен одмор, дневно работно време од 8 часа.

                    Обезбедување на Жичница Милениумски крст

Работното време на обезбедувањето на Жичницата се организира во две смени и тоа:

-         прва мена од 07:00 до 19:00 часот и

-         втора смена од 19:00 до 07:00 часот со дневно работно време од 12 часа и 2 дена одмор.

Распоредот на работното време е по принципот на непрекината работна недела. За време на работното време работникот има право на пауза во траење од 30 минути, која се користи во зависност од процесот на работа.

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 17.498,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 година се: Македонци(ка) 3.

 

                  9.        КДР0401А01127  Работник за изгубено најдено,  Одделение за општи работи, Сектор за правни и општи работи – 2  извршители.

·        Општи услови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија;

-         активно да го користи македонскиот јазик;

-         да е полнолетен;

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

·        Посебни услови:

-         со најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование.

·        Потребно работно искуство:

-         најмалку  3 години работно искуство.

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

-         Работното време е флексибилно и почетокот на работното време се организира меѓу од 07:30 и 08:30 часот, а завршува меѓу 15:30 и 16:30 часот (пауза од 11:00 до 11:30 часот)  со дневно работно време од 8 часа во петдневна работна недела. Полното неделно работно време изнесува 40 часа. Неделниот одмор се користи во сабота и недела. 

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 17.990,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 година се: Македонци(ка) 2.

 

 

II.       Со пријавите по огласот кандидатите треба да достават:

-         Кратка биографија (CV)

-         Уверение за државјанство (копија)

-         Диплома за завршено образование (копија заверена на нотар)

-         Доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

-         Уверение дека има општа здравствена способност за работното место

 

III.  Рок за пријава: Рок за достава на пријава за вработување е во рок од 3 работни дена од денот на објавување на огласот на интернет страницата на претпријатието и дневните весници Вечер, Нова Македонија и Lajme.

- Пријавите за вработување со пополнуваат на образец изготвен од страна на институцијата која го објавува огласот, а истите можат да се прибават од Портирницата на ЈСП СКОПЈЕ во Дирекција во Автокоманда и на веб страната www.jsp.com.mk и пополнети се доставуваат во Архивата на ЈСП СКОПЈЕ на булевар „Александар Македонски“ бр. 10 Скопје, контакт телефон 02/3174-264, Одделение за управување со човечки ресурси.                  

IV.     Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена од истекот на рокот на пријавувањето.

V.      Некомплетни и ненавремено доставени пријави нема да се земат предвид при разгледувањето.

VI.     Пријавите со бараната документација да се достават во Архива на ЈСП СКОПЈЕ на Булевар „Александар Македонски“ бр.10 Скопје, контакт телефон 02/3174-264 - Одделение за управување со човечки ресурси.

(пријавите се достапни на www.jsp.com.mk или на портирницата на Дирекција во ЈСП СКОПЈЕ)

 

 ПРЕЗЕМИ ПРИЈАВА (Pdf)       ПРЕЗЕМИ ПРИЈАВА (Word doc)

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.