Моментален број на посетители:
133
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Интерен оглас за унапредување на административни службеници
09 јули 2021
 

Врз основа на член 30, 48, 49 и 50 од Законот за административни службеници, Правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-309/8 од 15.03.2021 година објавува:                               

                                                           ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2021

                                                  за пополнување на работно место со унапредување

  

  1. КДР0102В04010 Помлад соработник – сметководител, Одделение за сметководство – Сектор за финансиско работење 1 (еден) извршител со исполнување на следните:

 

v  посебни услови:

-        ниво на квалификации VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завшен VII/1 степен економски науки или организациони науки и управување (менаџмент).

-        работно искуство, и тоа: со или без работно искуство во струката;

-        активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-        активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

v  Распоред на работно време: Работното време е распоредено во една смена и трае 8 часа дневно. Дневното работно време е од 07:30-08:30 часот до 15:30-16:30 часот. Неделно работно време: 40 (четириесет) часа.

 

v  Паричен износ на основна нето плата: 23.934,00 денари

 

  1. КДР0102В02009 Виш соработник - сметководител, Одделение за сметководство - Сектор за финансиско работење, 1 (еден) извршител со исполнување на следните:

 

v  посебни услови:

-        ниво на квалификации VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завшен VII/1 степен економски науки или организациони науки и управување (менаџмент).

-        работно искуство, и тоа: најмалку две години работно искуство во струката;

-        активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-        активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

v  Други посебни услови: Уверение за овластен сметководител

 

v  Распоред на работно време: Работното време е распоредено во една смена и трае 8 часа дневно. Дневното работно време е од 07:30-08:30 часот до 15:30-16:30 часот. Неделно работно време: 40 (четириесет) часа.

 

v  Паричен износ на основна нето плата: 25.503,00 денари

 

Ø  Покрај горенаведените посебни услови, предвидени со Правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр.02-309/8 од 15.03.2021 година, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување на работници согласно Законот за работните односи. Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните општи услови:

-        да е државјанин на Република Северна Македонија;

-        активно да го користи македонскиот јазик;

-        да е полнолетен;

-        да има општа здравствена способност за работното место и

-     со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност и должност.

 

Ø  На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-309/8 од 15.03.2021 година, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:

-        да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување;

-        да е на работно место непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;

-        да поминал најмалку две години на истото ниво

-        да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас.

 

Ø  Кандидатите кон пријавата покрај доказита за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:

-        потврда за успешно реализирани обуки и/или

-        потврди за успешно реализирано менторство

 

Ø  Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на интерниот оглас.

 

Ø  Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.

 

Ø  Пополнетата пријава и доказите за податоците содржани во пријавата кандидатите треба да ја поднесат во писмена форма преку Архивата на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

 

Ø  Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување.

 

НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалифукуван од натамошна постапка на овој оглас.

   ПРИЈАВА за ПРЕЗЕМАЊЕ                                                                                                                                                                                                                                                                                  ЈСП Скопје

                                                                                                                                                      Директор 

                                                                           М-р Кристијан Чушков

 

                                                                                          

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.