Моментален број на посетители:
565
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Јавен повик - За доделување на договор за јавно приватно партнерство за поставување на автобуски стојалишта (постојки) и електронски информациони дисплеи на подрачјето на град Скопје
17 мај 2011
 

Јавен повик  
За доделување на договор за јавно приватно партнерство за поставување на автобуски стојалишта (постојки) и електронски информациони дисплеи на подрачјето на град скопје

1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО

Предмет на јавното приватно партнерство (ЈПП) е изработка, поставување и доведување во функционална состојба на 275 автобуски стојалишта (постојки) на локации на кои се врши јавен линиски градски превоз на патници на подрачјето на град Скопје, и тоа:

  • 65 автобуски стојалишта (постојки) од Типот А - кои опфаќаат настрешница, клупа, корпа за отпадоци, рекламно пано, урбани светилки, информативни табли и табла со број на автобуси кои стојат на станицата;
  • 117 автобуски стојалишта (постојки) од Типот А1 - кои опфаќаат настрешница, корпа за отпадоци, рекламно пано, урбани светилки, информативни табли и табла со број на автобуси кои стојат на станицата;
  • 93 автобуски стојалишта (постојки) од Типот А двојна - кои опфаќаат настрешница, клупа, корпа за отпадоци, рекламно пано, урбани светилки, информативни табли и табла со број на автобуси кои стојат на станицата (Овој тип се добива со спојување на две стојалишта од типот А).

Рокот за изработка, поставување и доведување во функционална состојба на автобуските стојалишта е 8 (осум) месеци од денот на влегувањето во сила на договорот за ЈПП.
Предмет на ЈПП е и изработка, поставување и доведување во функционална состојба и на 80 електронски информациони дисплеи.
Приватниот партнер ќе ги издава под закуп рекламните површини на автобуските постојки и електронските информациони дисплеи.

2. ПРОЦЕНЕТА ВРЕДНОСТ НА ЈАВНО ПРИВАТНОТО ПАРТНЕРСТВО

Проценетата вредност на Јавното приватно партнерство  изнесува 1.500.000 Евра.

3. ВИД НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО

Постапката за доделување на договорот за јавно приватно партнерство ќе се спроведе по пат на отворен повик.

4. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Право на учество на јавниот повик имаат домашни и странски правни лица, како и група на понудувачи (конзорциум) под услови утврдени со Законот за концесии и други видови на јавно приватно партнерство и тендерската документација.

5. НАЧИН И АДРЕСА НА ПОДИГНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА И НАДОМЕСТ ЗА НЕЈЗИНО ПОДИГНУВАЊЕ

5.1. Тендерската документација може да се подигне секој работен ден во Службата за jавни набавки на Јавното сообраќајно претприајтие СКОПЈЕ, со седиште на бул. Александар Македонски бр. 10, Скопје, Република Македонија.

Тендерска документација може да подигне било кој заинтересиран понудувач, откако ќе уплати паричен надомест во износ од  3.000,00 денари, на следната жиро сметка:
280 105 100 714 312 во Алфа Банка

      5.2. Понуди можат да достават само понудувачи кои ја имаат подигнато тендерската документација.

6. РОК, АДРЕСА И НАЧИН НА ИЗГОТВУВАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

6.1. Краен рок за доставување на понудите е 6 јули 2011 година до 12 часот по локално време.

6.2. Понудите се доставуваат преку пошта или директно во архивата на Јавното сообраќајно претприајтие СКОПЈЕ со седиште на бул. Александар Македонски бр. 10, Скопје, Република Македонија.

6.3. Понудувачот го поднесува оригиналниот примерок на Понудата (образец бр.2)  во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса, со назнака „понуда” во горниот лев агол.

6.4. Идејно решение со 3Д приказ на автобуските стојалишта (постојки), како и електронските информациони дисплеи, вклучувајќи го и материјалот од кој истите ќе бидат изработени, при што минималните барања во однос на материјалот се согласно техничката спецификација.

6.5. Документите за утврдување на способност на понудувачите се утврдени во тендерската документација и се поднесуваат во посебен запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса, со назнака „документи за утврдување на способноста “ во горниот лев агол.

6.6. Внатрешните пликови се приложуваат  во запечатен надворешен плик кој:

  • е адресиран со целосна и точна адреса на Јавниот партнер;
  • го содржи бројот на јавниот повик; и
  • во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.

6.7. Доколку сите пликoa не се запечатени и обележани како што се бара, јавниот партнер не презема одговорност за затурање/губење или предвремено отворање на понудата.

7. ЈАЗИК НА ПОНУДАТА

Понудата се изготвува и доставува на македонски јазик на образец на понудата кој е даден во прилог на тендерската документација, на начин и под услови утврдени со овој јавен повик и тендерската документација.

8. ВАЖНОСТ НА ПОНУДАТА

8.1. Периодот на важност на понудата изнесува 180 дена од денот на донесувањето на Одлуката за избор на најповолен понудувач.

8.2. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точката 8.1. на овој јавен повик  ќе бидат отфрлени како неприфатливи.

9. ГАРАНЦИЈА ЗА УЧЕСТВО ВО ПОСТАПКАТА

Како дел од понудата понудувачот обезбедува гаранција за учество во постапката во висина од  0,3% од проценетата вредност на јавното приватно партнерство.

10. КРИТЕРИУМИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТА НА ПОНУДУВАЧИТЕ

За да учествуваат во постапката за доделување на договорот за јавно приватно партнерство, односно за да може понудите да се оценуваат/евалуираат, понудувачите треба да се селектирани за подобни, за што мора да ги исполнат критериумите за утврдување на нивната способност кои се поблиску дадени и опишани во тендерската документација.

11. КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО

 Критериуми за избор на најповолна понуда и доделување на договорот за ЈПП се: 

  • Времетраењето на договорот за ЈПП ............................................................... 50 бода;
  • Идејното решение со 3Д приказ на автобуските стојалишта (постојки) и на електронските информациони дисплеи вклучувајќи го и материјалот од кој истите ќе бидат изработени .................................................................................................40 бода;
  • Надоместокот кој приватниот партнер ќе му го плаќа на ЈСП СКОПЈЕ ................................................................................................................................10 бода (Надоместокот кој приватниот партнер ќе му го плаќа на Јавниот партнер (ЈПП надоместок), се искажува во апсолутен износ на годишно ниво. Надоместокот се искажува во Евра, а ќе се плаќа во денарска противвредност според средниот курс на НБРМ на денот на плаќањето).

 12. ЈАВНО ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
Јавното отворање на понудите ќе се изврши на 6 јули 2011 година во 12 часот по локално време во просториите на Јавното сообраќајно претприајтие СКОПЈЕ, со седиште на бул. Александар Македонски бр. 10, Скопје, во присуство на овластени претставници на понудувачите.

 

ЈАВНО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПЈЕ
 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.