Моментален број на посетители:
514
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Јавен повик - За доделување на договор за јавно приватно партнерство за финансирање, инсталирање, одржување и трансфер на систем за автоматска локација и електронски систем за наплата во возилата на ЈСП скопје
20 мај 2011
 

Јавен повик 
За доделување на договор за јавно приватно партнерство за финансирање, инсталирање, одржување и трансфер  на систем за автоматска локација и електронски систем за наплата во возилата на јсп скопје

 

1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО

Предмет на јавно приватното партнерство (ЈПП) е финансирање, инсталирање, одржување и трансфер на системот за автоматска локација и електронски систем за наплата, во 450 автобуси на ЈСП СКОПЈЕ, вклучувајќи и 40 автомати за издавање и дополнување на билети поставени на автобуските постојки во градското подрачје.

Системот се состои од два система (подсистема):

  • систем за автоматска локација на возилата, регулација и контрола на транспортната услуга, и
  • електронски (интелигентен) систем за наплата со т.н. смарт билети, во кој се вклучени и 40 автомати за издавање и дополнување на билети .

2. ПРОЦЕНЕТА ВРЕДНОСТ НА ЈАВНО ПРИВАТНОТО ПАРТНЕРСТВО

Проценетата вредност на концесијата изнесува 1.800.000 Евра.

3. ВИД НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНО ПРИВАТНО
    ПАРТНЕРСТВО

Постапката за доделување на договорот за јавно приватно партнерство ќе се спроведе по пат на отворен повик.

4. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Право на учество на јавниот повик имаат домашни и странски правни лица, како и група на понудувачи (конзорциум) под услови утврдени со Законот за концесии и други видови на јавно приватно партнерство и тендерската документација.

5. НАЧИН И АДРЕСА НА ПОДИГНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА И
   НАДОМЕСТ ЗА НЕЈЗИНО ПОДИГНУВАЊЕ

5.1. Тендерската документација може да се подигне секој работен ден во Службата за jавни набавки на Јавното сообраќајно претприајтие СКОПЈЕ, со седиште на бул. Александар Македонски бр. 10, Скопје, Република Македонија.

Тендерска документација може да подигне било кој заинтересиран понудувач, откако ќе уплати паричен надомест во износ од  3.000,00 денари, на следната жиро сметка:
280 105 100 714 312 во Алфа Банка

      5.2. Понуди можат да достават само понудувачи кои ја имаат подигнато тендерската документација.

6. РОК, АДРЕСА И НАЧИН НА ИЗГОТВУВАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

6.1. Краен рок за доставување на понудите е 13.07.2011 година до 12 часот по локално време.

6.2. Понудите се доставуваат преку пошта или директно во архивата на Јавното сообраќајно претприајтие СКОПЈЕ со седиште на бул. Александар Македонски бр. 10, Скопје, Република Македонија.

6.3. Понудувачот го поднесува оригиналниот примерок на Понудата (образец бр. 2A) во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса, со назнака „понуда” во горниот лев агол.

6.4. Техничката документација се поднесува во посебен запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса, со назнака „Техничка документација “ во горниот лев агол.

6.5. Документите за утврдување на способност на понудувачите се утврдени во тендерската документација и се поднесуваат во посебен запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса, со назнака „документи за утврдување на способноста “ во горниот лев агол.

6.6. Внатрешните пликови се приложуваат  во запечатен надворешен плик кој:

  • е адресиран со целосна и точна адреса на Јавниот партнер;
  • го содржи бројот на јавниот повик; и
  • во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.

6.7. Доколку сите пликoa не се запечатени и обележани како што се бара, јавниот партнер не преззема одговорност за затурање/губење или предвремено отворање на понудата.

7. ЈАЗИК НА ПОНУДАТА

Понудата се изготвува и доставува на македонски јазик на образец на понудата кој е даден во прилог на тендерската документација, на начин и под услови утврдени со овој јавен повик и тендерската документација.

8. ВАЖНОСТ НА ПОНУДАТА

8.1. Периодот на важност на понудата изнесува 180 дена од денот на донесувањето на Одлуката за избор на најповолен понудувач.

8.2. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 8.1. на овој јавен повик ќе бидат отфрлени како неприфатливи.

9. ГАРАНЦИЈА ЗА УЧЕСТВО ВО ПОСТАПКАТА

Како дел од понудата понудувачот обезбедува гаранција за учество во висина од  0,3% од проценетата вредност на јавното приватно партнерство.

10. КРИТЕРИУМИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТА НА ПОНУДУВАЧИТЕ

За да учествуваат во постапката за доделување на договорот за јавно приватно партнерство, односно за да може понудите да се оценуваат/евалуираат, понудувачите треба да се селектирани за подобни, за што мора да ги исполнат критериумите за утврдување на нивната способност кои се поблиску дадени и опишани во тендерската документација.

11. КРИТЕРИУМ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНО ПРИВАТНО  
     ПАРТНЕРСТВО

Критериум за избор на најповолна понуда и доделување на Договорот за ЈПП е висина на ЈПП надоместокот без ДДВ, кој ќе го добива Приватниот партнер,  изразен во процент од приходот кој ќе го остварува Јавниот партнер од продажбата на билети, согласно точка 5 од тендерската  документација.

Критериумот носи ......................................................................................................100 бода
(Предност ќе имаат оние понудувачи кои ќе понудат помал процент на ЈПП надоместок)

 

12. ЈАВНО ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
Јавното отворање на понудите ќе се изврши на 13.07.2011 година во 12 часот по локално време во просториите на Јавното сообраќајно претприајтие СКОПЈЕ, со седиште на бул. Александар Македонски бр. 10, Скопје, во присуство на овластени претставници на понудувачите.

 
ЈАВНО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПЈЕ

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.