Моментален број на посетители:
157
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
30 август 2019
 

ОД ПОНЕДЕЛНИК (2.09.2019 год) ПОЧНУВААТ ДА ВАЖАТ БЕСПЛАТНИТЕ СРЕДНОШКОЛСКИ БИЛЕТИ

Почитувани средношколци, корисници на јавниот превоз, 

Во пресрет на учебната 2019/2020 година, ве информираме дека од понеделник (2.09.2019 година) почнуваат да важат бесплатните ученички билети за користење на јавен превоз.

Учениците од прва година средно, правото на користење бесплатен превоз ќе можат да го остваруваат со времен билет кој ќе го добијат во училиште.

Овој билет ќе има важност до 31.10.2019 година, односно се додека не им се изработат и се поделат електронски персонализирани картички „Скопска“.

На учениците од втора, трета и четврта година, бесплатните билети (персонализирана „Скопска“) автоматски, преку систем ќе им бидат продолжени.

Во случај на евентуален проблем, учениците треба да појдат во некој од центрите за персонализација на ЈСП Скопје и таму да го регулираат статусот.

 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.