Моментален број на посетители:
504
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
19 септември 2019
 

ИСТЕЧЕНИТЕ ПЕРСОНАЛИЗИРАНИ „СКОПСКА“ КАРТИЧКИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАМЕНАТ СО НОВИ

Ги информираме граѓаните, корисници на јавен превоз, сопственици на персонализирана електронска картичка „Скопска“ на која и е истечен рокот на важност, кој согласно одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје број 07-10504/1 од 22.12.2015 година изнесува 4 години од издавањето, дека истата треба да ја заменат како би го користеле превозот.

Обнова/замена на картичките може да се направи во центрите за персонализација на Транспортен центар (во автобусот), во центарот за персонализација во Карпош 2 и во Аеродром (до ТЦ Капитол), од 6 до 19.30 часот.

Замената на картичките е на трошок на сопственикот на картичката и изнесува 200 денари.

Во случај картичката да е истечена, а на неа да има неискористени средства, тие системски ќе бидат префрлени на новата картичка.

Заинтересираните, статусот на картичката можат да го проверат во центар за персонализација.

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.