Моментален број на посетители:
572
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
25 ноември 2019
 

НОВА ТРАСА НА 15А-наместо преку Рекорд, автбусите возат преку мост Гоце Делчев

 

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека линијата 15А почна да сообраќа по изменета траса.

Наместо преку т.н. Рекорд, автобуската линија сообраќа преку мост „Гоце Делчев“.

Возилата на посочената линија ќе ги користат постојните, утврдени автобуски постојки долж трасата, а ќе возат по истиот возен ред како и до сега.

Кај Народна банка возилата ќе ја користат втората постојка за застанување во насока кон Карпош 4.

Изменетиот режим на 15А ќе важи 3 месеци, односно станува збор за пробен период.

Одлуката за ваквиот режим е донесена по барање на граѓаните.

 

ТРАСА НА ДВИЖЕЊЕ

*Во насока од Ново Лисиче (терминал) кон Карпош 4, возилата како и до сега ќе се движат по улица „Февруарски поход“, булевар „Видое Смилевски Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „Кузман Јосифовски Питу“, па, преку булевар „Крсте Петков Мисирков“, булевар „Гоце Делчев“, булевар „Илинден“, улица „Бледски договор“, булевар „Партизански одреди“ и улица „Љубљанска“ во Карпош 4 (терминал).

 

*Во насока од Карпош 4 (терминал) кон Ново Лисиче, возилата ќе се движат по булевар „Илинден“, булевар „Гоце Делчев“, булевар „Крсте Мисирков“, булевар „Кузман Јосифовски Питу“, булевар „Јане Сандански“, булевар „Видое Смилевски Бато“, улица „Февруарски поход“, до терминал во Ново Лисиче.

 

 

 

 

 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.