Моментален број на посетители:
408
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
06 декември 2019
 

НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД ВО ПОНЕДЕЛНИК, ЖИЧАРНИЦАТА ЌЕ РАБОТИ, ДЕЖУРНИ ЌЕ БИДАТ ТРИ БИЛЕТАРНИЦИ

Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека во понеделник (9.12.2019 година) кој е неработен ден поради државниот празник 8 Декември („Св.Климент Охридски“), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Жичарницата на Водно ќе работи со вообичаено работно време за овој период од годината, односно од 10 до 17 часот.
Последното возење од доле нагоре ќе биде во 16-16.30 часот, а последно возење од горе надоле ќе биде во 16.45 часот.

Дежурни ќе бидат три билетарници:
Транспортен центар 7-19.30 часот
Зелено пазарче 7-19.30 часот
Ѓорче Петров 7-13 часот

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.