Моментален број на посетители:
348
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
17 февруари 2020
 

ПУШТЕН Е ВО УПОТРЕБА БИЛЕТОТ ЗА ЕДНО ВОЗЕЊЕ

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека во употреба е пуштен билетот за едно возење.

Билетот може да се купи во сите возила на ЈСП Скопје и во билетарниците на ЈСП Скопје.

Билетот чини 50 денари, согласно одлуката на Советот на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје.

Билетот е наменет за еднократна употреба, хартиен е со вграден безконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компатибилен со постоечката опрема, односно се валидира безконтактно на постоечките валидатори. 

Цената на останатите видови билети останува непроменета.

И натаму, пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, билет валидиран преку електронски паричник чини 35 денари, валидација со мобилен телефон е 40 денари и слично. 

Веруваме дека со воведувањето на билетот за едно возење значително ќе се олесни користењето на јавниот превоз за граѓаните кои ретко го користат јавниот превоз или се од градовите од внатрешноста, олеснителна околност ќе биде за странци, воопшто, за сите оние кои не се во можност или не сакаат да ги користат опциите за користење јавен превоз со „Скопска“ или мобилен телефон.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.