Моментален број на посетители:
302
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
20 март 2020
 

 📣БИЛЕТАРНИЦИТЕ И ЦЕНТРИТЕ ЗА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА ЌЕ ИМААТ СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ

 

Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека од утре, сабота (21.03.2020 год), билетарниците на ЈСП Скопје и центрите за персонализација ќе имаат скратено работно време, а некои воопшто нема да работат.

❗️Работно време на билетарници

📎Нема да работат билетарниците кај Транспортен центар (на излез), таа кај Пошта, а затворени во наредниов период ќе бидат и билетарниците во населбите Радишани, Карпош 4 и Железара.

📎Од 6 до 13 часот од понеделник до петок, односно од 7 до 13 часот во сабота, ќе работат билетарниците во Бутел (кај поранешното кино), Кисела Вода, Лисиче и билетарницата во населба Даме Груев.

📎Од 6 до 17 часот од понеделник до петок, односно од 7 до 17 часот во сабота, ќе работат билетарниците во ГТЦ, Аеродром, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, Буњаковец, Зелен пазар, Бутел (кај пазарот), а истото работно време ќе важи и за билетарниците во Маџари, Драчево, кај дирекција на ЈСП Скопје, Сарај и Дом на печат.

📎Во недела, од 7 до 13 часот ќе работат билетарниците во Ѓорче Петров, кај Зелен пазар и таа на излез кај Транспортен центар.

❗️Работно време на центри за персонализација

📎Времено затворени ќе бидат и четири центри за персонализација, оној во Автокоманда (кај Шумарски факултет), во Аеродром, Влае и центарот за персонализација во просториите на ЈСП Турс.

📎Центрите во Карпош 2, на Бит пазар и Транспортен центар ќе работат од понеделник до петок од 6 до 17 часот, односно од 7 до 17 часот во сабота. Во недела ќе бидат затворени.

❗️Ве потсетуваме дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопјеhttps://www.facebook.com/jspskopjee/ ), чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.

 ❗️Посоченото работно време на билетарниците и центрите за персонализација ќе важи во наредниот период, а за евентуални промени, корисниците на јавниот превоз ќе бидат навремено информирани.

 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.