Моментален број на посетители:
325
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
22 март 2020
 

 

 📣ВОЗЕН РЕД ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС🚌

 

Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека од денеска, недела (22.03.2020 год), со оглед на одлуката на Влада на РСМ за забрана за движење на населението во период од 21-06 часот, јавниот превоз нема да сообраќа во посочениот период, а изменето работно време ќе имаат и билетарниците и центрите за персонализација.

 

❗️Термини на последни поаѓања за денеска, недела (22.03.2020 год):

 

📎ЛИНИИ НА ЈСП СКОПЈЕ:

 

Линија 2 19.55 ч од Автокоманда 19.39 ч од Сарај

Линија 4 19 ч од Хром 19.40 ч од 11.Октомври

Линија 5 19.35 ч од Н.Лисиче 19.25 ч од Дексион

Линија 7 19.22 ч од Г.Лисиче 19.39 ч од Карпош 3

Линија 9 19.46 ч од Кл.центар 19.53 ч од С.Север

Линија 15 19.25 ч од Н.Лисиче 19.20 ч од Карпош 4

Линија 16 19.31 ч од Пржино 19.06 ч од Железара

Линија 21 18.20 ч од Тр.центар 19.10 ч од Бардовци

Линија 24 19.50 ч од Тафталиџе 19.50 ч од К. Вода

Линија 27 19.32 ч од Вардарска 20.04 ч од Дом на печат

Линија 41 19.52 ч од Тр.центар 19.51 ч од Типо

Линија 50 20.05 ч од Кл.центар 20.05 ч од Хиподром

Линија 57 19.40 ч од Козле 19.50 ч од Радишани

Линија 59 18.15 ч од Карпош 19.05 ч од Кучевишка бара

Линија 65В 19.46 ч од Тр.центар 20 ч од Страчинци

Линија 31 18.40 ч од Тр.центар 19.15 ч од Д.Лисиче

Линија 47 18.50 ч од Тр.центар 19.35 ч од Љубанци

Линија 56 18.15 ч од Тр.центар 19.15 ч од Бојане

Линија 60 18.45 ч од Тр.центар 19.30 ч од Матка

Линија 65 18.30 ч од Тр.центар 19.30 ч од Раштак

Линија 65А 19.20 ч од Тр.центар 20 ч од Страчинци

Линија 66 18 ч од Тр.центар 19.05 ч од Бучинци

Линија 67 18.50 ч од Тр.центар 19.45 ч од Зелениково

Линија 68 18.35 ч од Тр.центар 19.50 ч од Сушица

Линија 70 18.45 ч од Тр.центар 19.25 ч од Батинци

Линија 71 19.30 ч од Тр.центар 18.40 ч од Бањани

Линија 74 20.30 ч од Драчево 17.20 ч од Количани

Линија 81 16 ч од Тр.центар 17 ч од Блаце

Линија 160 19.05 ч од Дексион 19.30 ч од Горна Матка

Линија 164 19.30 ч од Кучково 19.15 ч од Никиштани

 

📎ЛИНИИ НА ПРИВАТНИ ПРЕВОЗНИЦИ:

 

Линија 9 20.03 ч од Кл. центар 20.13 од С.Север

Линија 11 19.20 ч од Тр.центар 19.20 ч од Рашче

Линија 11а 19 ч од Тр.центар /

Линија 12 19.55 ч од Шишево 19.55 ч од С.саем

Линија 19 20.12 ч од Карпош 4 20.12 ч од Ш.Оризари

Линија 20 20.20 ч од Тр.центар 20.20 ч од Ш.Оризари

Линија 22 19.45 ч од Тр.центар 19.45 ч од Лепенец

Линија 23 19.55 ч од Ченто 19.55 ч од Дом на печат

Линија 45 20 ч од Тр.центар 20 ч од Ченто

Линија 55 19.15 ч од Арачиново 18.30 ч од Тр.центар

Линија 61 19.10 ч од Тр.центар 20 ч од Побожје

Линија 63 19.10 ч од Тр.центар 20 ч од Мралино

 

❗️Утре, понеделник (23.03.2020 год), првите утрински поаѓања на сите линии ќе бидат оние од 6 часот.
Комплетниот преглед на сите линии може да се види на веб страницата на ЈСП Скопје 
http://www.jsp.com.mk/PlanskiVozenRed.aspx.

На пример вообичаениот возен ред на линија 5 е од 5.05 ч, 5.30 ч, 5.55 ч, 6.15 ч, што значи дека во актуелнава ситуација, првиот автобус што ќе почне да сообраќа ќе биде тој во 6.15 часот.

❗️Дополнителни информации во врска со возниот ред можат да се добијат во Диспечерски центар на 3173-224.

❗️За последни поаѓања утре и први од задутре, ќе информираме во текот на утрешниот ден.

 

РАБОТНО ВРЕМЕ НА БИЛЕТАРНИЦИ И ЦЕНТРИ ЗА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА


Од утре, понеделник (23.03.2020 год) билетарниците и центрите за персонализација ќе почнуваат со работа од 7.30 часот.

📎Билетарници
*Воопшто нема да работат билетарниците кај Транспортен центар (на излез), таа кај Пошта, а затворени во наредниов период ќе бидат и билетарниците во населбите Радишани, Карпош 4 и Железара.

*До 13 часот од понеделник до сабота, ќе работат билетарниците во Бутел (кај поранешното кино), Кисела Вода, Лисиче и билетарницата во населба Даме Груев.

*До 17 часот од понеделник до сабота ќе работат билетарниците во ГТЦ, Аеродром, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, Буњаковец, Зелен пазар, Бутел (кај пазарот), а истото работно време ќе важи и за билетарниците во Маџари, Драчево, кај дирекција на ЈСП Скопје, Сарај и Дом на печат.

*Во недела, до 13 часот ќе работат билетарниците во Ѓорче Петров, кај Зелен пазар и таа на излез кај Транспортен центар.

📎Центри за персонализација

*Времено затворени ќе бидат четири центри за персонализација, оној во Автокоманда (кај Шумарски факултет), во Аеродром, Влае и центарот за персонализација во просториите на ЈСП Турс.

*Центрите во Карпош 2, на Бит пазар и Транспортен центар ќе работат од понеделник до сабота до 17 часот. Во недела ќе бидат затворени.

📎Ве потсетуваме дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопје https://www.facebook.com/jspskopjee/ ), чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.

 

❗️И во наредниот период продолжуваат да важат одлуките за времено укинување на бесплатните годишни средношколски и студентски билети, а и натаму укината е одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.
Времено и во наредниот период, не сообраќа туристичката линија, трите линии до Водно, а не работи ниту Жичарницата.

 

🙏Апелираме до сите граѓани, рационално да го користат јавниот превоз, притоа да носат заштитна маска и ракавици и да се однесуваат во возилата согласно препораките за превенција од ширење на коронавирусот.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.