Моментален број на посетители:
348
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
29 април 2020
 

 📣ЗА ВРЕМЕ НА ПРВОМАЈСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ЌЕ ФУНКЦИОНИРА ОД 5 до 14 часот, ДЕЖУРНИ ЌЕ БИДАТ ДВЕ БИЛЕТАРНИЦИ И ЕДЕН ЦЕНТАР ЗА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА🚌

 

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници во петок (1.05.2020 год), сабота (2.05.2020 год) и недела (3.05.2020 год) ќе сообраќаат од 5 до 14 часот, по неделен возен ред.

📸Овде е прегледот на термини на поаѓање пред 14 часот.

Останатиот тековен возен ред, до исклучувањето на возилата до 14 часот, може да се види овде, на веб страницата www.jsp.com.mk.

❗Во петок (1.05.2020 год) и во недела (3.05.2020 год) од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар (автобусот).

❗Во сабота (2.05.2020 год) од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Отворени од 7.30 до 12 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар (автобусот).

❗Ве потсетуваме дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики, дел од секундарната продажна мрежа на претпријатието.

❗Посочениот режим на јавниот превоз и работното време на билетарниците е согласно одлуката на Влада на РСМ за ограничено движење на граѓаните за време на првомајските празници.

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.