Моментален број на посетители:
99
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
08 мај 2020
 

 📢АВТОБУСИТЕ ВИКЕНДОВ ЌЕ СООБРАЌААТ ВО ДВЕ СМЕНИ, од 5 до 9 и од 13 до 19 часот🚌

 

 

❗Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека утре, сабота (9.05.2020 год) јавниот превоз ќе функционира од 5 до 19 часот, во две смени.

Автобусите ќе сообраќаат од 5 до 9 и од 13 до 19 часот, по саботен возен ред.

 

 

 ОВДЕ СЕ ТЕРМИНИТЕ НА ПОАЃАЊЕ, ПРВИТЕ И ПОСЛЕДНИТЕ, СОГЛАСНО РЕСТРИКЦИИТЕ.

 

🔍Останатиот распоред, во меѓупериодот од први/последни наведени термини, може да се види на веб страницата на ЈСП Скопје, со избор на посакуваната линија.

 

❗🔍Пример за преглед на возниот ред: Линија 15 (Ново Лисиче-Карпош 4).

Согласно саботен возен ред, линијата почнува да сообраќа од 6.40 ч, па се реализираат сите термини до наведениот последен пред 9 часот односно, 7.02 ч, 7.46 ч, 8.08 ч (последен наведен термин во прилогот пред 9 часот), па 12.32 ч (прв наведен термин во прилогот од 13 часот), 12.54 ч, 13.38 ч, 14 ч, 14.22 ч, 15.06 ч, 15.28 ч, 15.50 ч, 16.40 ч, 17.10 ч и 17.54 ч (последен наведен термин во прилогот пред 19 ч).

 

🕣Отворени од 7.30 до 17 часот ќе бидат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарниците на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

 

🕣Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.

 

❗Во недела (10.05.2020 год), јавниот превоз јавниот превоз ќе функционира од 5 до 19 часот, во две смени.

Автобусите ќе сообраќаат од 5 до 9 и од 13 до 19 часот, по неделен возен ред.

 

‼За термините на поаѓање (првите и последните, согласно рестрикциите), ќе информираме во текот на утрешниот ден.

 

🕣Во недела, од 7.30 до 13 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар (автобусот).

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.