Моментален број на посетители:
363
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
09 мај 2020
 

 📢УТРЕ ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ЌЕ ФУНКЦИОНИРА ВО ДВЕ СМЕНИ, АВТОБУСИТЕ ЌЕ СООБРАЌААТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД🚌

 

 

❗Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека утре, недела (10.05.2020 год) јавниот превоз ќе функционира од 5 до 19 часот, во две смени, автобусите ќе сообраќаат од 5 до 9 и од 13 до 19 часот.
Сите возила ќе сообраќаат по неделен возен ред. 

 

❗Останатиот распоред, во меѓупериодот од први/последни наведени термини, може да се види на веб страницата на ЈСП Скопје, со избор на посакуваната линија.
🔍Пример за преглед на возниот ред: Линија 15 (Ново Лисиче-Карпош 4).
Согласно неделен возен ред, линијата почнува да сообраќа од 6.38 ч, па се реализираат сите термини до наведениот последен пред 9 часот односно, 8.03 ч (последен наведен термин во прилогот пред 9 часот), па 12.45 (прв наведен термин во прилогот од 13 часот), 13.45 ч, 14.55, 16.15 ч и 17.40 ч (последен наведен термин во прилогот пред 19 ч).
 
🕣Дежурни од 7.30 до 13 часот ќе бидат билетарниците на Зелено пазарче и во Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар (автобусот).
 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.