Моментален број на посетители:
351
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
10 мај 2020
 

 📢ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ОД УТРЕ ПРОДОЛЖУВА ДА СООБРАЌА ВО ДВЕ СМЕНИ, од 5 до 9 и од 13 до 19 ЧАСОТ🚌

 
❗Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од утре, понеделник (11.05.2020 год) продолжуваат да сообраќаат во две смени, односно од 5 до 9 часот, па од 13 до 19 часот.
❗Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.
 
‼Останатиот распоред, во меѓупериодот од први/последни наведени термини, може да се види на веб страницата на ЈСП Скопје.
🔍Пример. Линија 15 (Ново Лисиче-Карпош 4).
Согласно саботен возен ред, линијата почнува да сообраќа од 6.40 ч, па се реализираат сите термини до наведениот последен пред 9 часот односно, 7.02 ч, 7.46 ч, 8.08 ч (последен наведен термин во прилогот пред 9 часот), па 12.32 ч (прв наведен термин во прилогот од 13 часот), 12.54 ч, 13.38 ч, 14 ч, 14.22 ч, 15.06 ч, 15.28 ч, 15.50 ч, 16.40 ч, 17.10 ч и 17.54 ч (последен наведен термин во прилогот пред 19 ч).
🕣Од 7.30 до 17 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.
🕣Во истиот период ќе бидат отворени и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.
❗Ве потсетуваме дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики кои се дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопје) чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.
‼Посочениот режим на функционирање на јавниот превоз и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важи во наредниот период, сѐ до новите препораки на надлежните институции.

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.