Моментален број на посетители:
444
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
11 октомври 2020
 

Неколку линии сообраќаат со изменет режим на сообраќање. 

Линиите 50, 57 и 59 во насока кон Карпош/Козле/Клинички центар сообраќаат по редовните траси.

Во обратна насока кон Бутел/Радишани/Хиподром позади Собрание на РСМ, Зелен пазар, Југодрво и право кон Битпазар. 

Линиите 3, 4, 4А, 5, 7, 15, 21, 23, 24 и 27 во насока кон Клинички центар/Карпош/Дом на печат/ Хром/Тафталиџе сообраќаат од кај Рамстор.

Во обратна насока кон Ново Лисиче/Транспортен центар/Ченто/Кисела Вода/Лисиче позади Собрание на РСМ, Зелен пазар и по траса.

Линија 57 е пренасочени од Рекорд по траса на линија 5 (по булевар „М.Т.Гологанов) до „Алумина“, каде вртат лево на улица „Брадфорска“ и по траса.
Посочениот режим важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 20 од Транспортен центар кон Шуто Оризари од Бит пазар право кон Чаир, лево на улица „Џон Кенеди“, десно од кај Топлана по улица „Лазар Трповски“ и во Топанско поле се враќа на траса.

Посочениот режим важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 16 за почетно крајна/постојка ја користи постојката кај Неуромедика на улица „Јордан Мијалков“, во двете насоки сообраќа преку Југодрво

Линија 22 е пренасочена од комплекс банки десно, кај Бит пазар лево и преку мост „Гоце Делчев“ кај Соборен храм се враќа на траса.

Посочениот режим важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 17 во насока кон Музеј на современа уметност после комплекс банки врти десно и право кон Бит пазар.

Посочениот режим важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 59 во насока кон Карпош сообраќа по редовната траса.
Во насока кон Бутел позади Собрание на РСМ, Зелен пазар, Југодрво, МАНУ и Бит пазар. 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.