Моментален број на посетители:
382
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
16 октомври 2020
 

Почитувани, 

Линии од Јавниот градски превоз кои се пренасочени или скратени се додека има градежни работи на нивните редовни траси:

- линија 57 поради градежни работни активности на ул. Васил Ѓоргов се пренасочени од Рекорд по траса на линија 5 (по бул. Теодосиј Гологанов) до Алумина каде вртат лево на ул. Брадфорска и по траса, пренасочувањето  и во обратна насока е по истата изменета траса.

- линија 20 од Транспортен центар кон Шуто Оризари од Битпазар право кон Чаир, лево на Џон Кенеди, десно од кај Топлана по ул. Лазар Трповски и во Топанско поле се враќа на траса, пренасочувањето  и во обратна насока е по истата изменета траса.

- линија 16 почетно/крајна постојка ја користи постојката кај Неуромедика на ул. Јордан Мијалков, во насока кон Пржино сообраќа преку Зелен пазар, ул.Кирил и Методиј и ул.Јордан Мијалков до Неуромедика, во обратна насока од Неуромедика кон Градска болница.

-линија 2 кон Автокоманда, пренасочена е после постојката Континентал, на крстосницата ќе сообраќа десно кон Пожарна, потоа лево кон Пивара, лево кон надвозникот и кон својата почетна постојка во Автокоманда према Сарај.

 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.