Линиите 8, 47, 57, 59, 61 и 71 се пренасочени право по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, па лево (кај отпадите) продолжуваат по улица „Цетинска“ и кружен тек Бутел и продолжуваат по своите редовни траси. Посочениот режим важи и во двете насоки на сообраќање. Изменетиот режим е поради градежни работи на дел од булевар „Босна и Херцеговина“ и ќе трае се до завршување на градежните работи.