Моментален број на посетители:
220
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
22 февруари 2021
 

ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА ПОВЕЌЕ ЛИНИИ ПОРАДИ ПРОТЕСТ ВО АВТОКОМАНДА

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека денеска, понеделник (22.02.2021 год) во период од 14 до 17 часот, поради најавениот протест и блокада на крстосницата на булевар „Александар Македонски“ со улица „Интернационални бригади“, возилата од линиите кои сообраќаат во посочениот реон ќе бидат пренасочени.

По изменета траса од вообичаената ќе возат: 

Линија 2 во правец од Сарај кон Автокоманда ќе биде скратена до кружниот тек кај „Континентал“, а по истиот режим возилата ќе сообраќаат и во обратна насока. 

Линиите 2А и 16 во правец од Сарај и Пржино, од Бит пазар ќе продолжуваат кон Чаир и по улица „Ферид  Бајрам“ кон Железара до кружниот тек кај стадионот на Металург.

Во правец кон Сарај и Пржино, возилата ќе возат по истата траса, од постојката кај стадионот на Металург. 

Линиите 13 и 42 во правец од Кисела Вода и Драчево од подвозникот кај кланица, ќе вртат лево кон Пивара, па од кај ЈСП до постојката кај Алкалоид.

Во правец кон Кисела Вода и Драчево, возилата ќе тргнуваат од кај Алкалоид. 

Линиите 43 и 50 од Дом на печат и Клинички центар, после Работнички дом ќе возат по улица „Кеј 13 Ноември“ кон населба Јане Сандански, па по булеварите „Србија“ и „Киро Глигоров“ преку надвозникот во Автокоманда до крајните станици.

Во обратна насока, од улица „Јужноморавски бригади“ и Хиподром, преку надвозникот во Автокоманда, булеварите „Србија“, „Киро Глигоров“ и „Јане Сандански“ кон НБРСМ, па кон МАНУ, односно МНТ ќе продолжуваат по редовните траси. 

Линиите 52, 53, 54, 55, 55а, 55в, 62, 63, 63а, 65, 65б, 65В, 66, 66а и 68 од Автокоманда Макпетрол ќе продолжуваат по надвозникот, преку булеварите „Киро Глигоров“, „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајните постојки на Транспортен центар. Посочениот режим ќе важи и во обратна насока на сообраќање. 

Линија 45 Автокоманда Макпетрол ќе продолжуваат по надвозникот, преку булеварите „Киро Глигоров“, „Бул Асном“ и „Јане Сандански“ до крајните постојки на Транспортен центар. Посочениот режим ќе важи и во обратна насока на сообраќање. 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.