ЛИНИЈА 24 ЌЕ СООБРАЌА ПО ИЗМЕНЕТА ТРАСА
Почитувани корисници на јавниот превоз, Ве информираме дека утре, вторник (6.04.2021 год), во период од 7 до 16 часот линија 24 ќе сообраќа по изменета траса од вообичаената.
*од центар кон Кисела Вода, од Зелен пазар ќе продолжи право по улица „11 Октомври“, па по булевар „Борис Трајковски“ (по траса на линија 58), десно по улица „Народни Херои“, улица „Христо Татарчев“ и ќе породолжи по редовната траса до крај.
*од Кисела Вода кон центар - продолжува по улица „Христо Татарчев“, булевар „Борис Трајковски“, па по улица „11 Октомври“ и од Градска болница по својата редовна траса кон Тафталиџе.
Изменетиот режим е поради асфалтирање на улица „Народни Херои“.