Моментален број на посетители:
603
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
20 април 2021
 

АВТОБУСИТЕ И НАТАМУ ЌЕ СООБРАЌААТ ДО 20 часот


Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека јавниот превоз ќе продолжи да функционира до 20 часот, согласно одлуката на Влада на РСМ за продолжување на одлуката за забрана на движење на населението во период од 20 до 5 часот.

Посочениот режим ќе важи до вторник (27.04.2021 год).

Последните термини за време на претстојниот викенд, ќе бидат објавени во петок.

 

Во прилог (ПДФ) се последните термини на поаѓање пред 20 часот (понеделник-петок).

ГРАДСКИ ЛИНИИ - последни термини пред 20 часот

ПРИГРАДСКИ ЛИНИИ - последни термини пред 20 часот

Останатиот возен ред, до наведените последни термини, е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје. 

Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат од 6 до 18.30 часот.

Ве потсетуваме дека и натаму не работи Жичарницата на Водно, а не сообраќаат ниту трите линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), како и туристичката линија „Сити тур“.

И натаму, не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.