Моментален број на посетители:
504
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
12 мај 2021
 

АВТОБУСИТЕ НА ЛИНИЈА 5 ВО ДЕКСИОН СООБРАЌААТ ПО ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ

Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека автобусите на линија 5 во Дексион сообраќаат по изменетиот режим од вообичаениот, поради градежни зафати на улица „Кузман Шапкарев“.

Од семафорите на булевар „Ѓорче Петров“ вртат лево кон болницата „Санте плус“, па потоа кружно излегуваат повторно на булеварот.

Почетна/крајна постојка е постојката во Јурија.

Истата постојка ја користат и возилата на линија 160.

Посочениот режим важи и во двете насоки на сообраќање и ќе важи се дури траат градежните активности на улица „Кузман Шапкарев“.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.