Моментален број на посетители:
470
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
23 јули 2021
 

АВТОБУСИТЕ ВО НАСОКА НА ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР ЌЕ СООБРАЌААТ ПО ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека денеска, петок (23.07.2021 година) после 17 часот, поради изведување на градежни активности на дел од коловозот на булевар „Кузман Јосифовски Питу“, на потегот од семафорите кај Веро Џамбо до семафорите пред Транспортен центар, возилата од линиите кои сообраќаат во овој реон во насока на Транспортен центар/Ново Лисиче/населба Лисиче и слично, ќе имаат изменет режим на сообраќање.

 

 

Пренасочувањето ќе трае се до завршување на активностите на терен кои се вршат по налог на „БЕГ“, од каде очекуваат градежните зафати да завршат до понеделник (26.07.2021 година).

 

Линиите 7, 17 и 33

*од булевар „Кузман Јосифовски Питу“ (после Веро Џамбо), ќе продолжат кон булевар „Крушевска република“ (кај Феријален дом), потоа по булевар „Трета македонска бригада“ ќе продолжат по својата редовна траса

 

Линиите 3, 3Б, 5, 15, 15А, 20, 21, 21А, 22, 23, 27 и 35

*од булевар „Кузман Јосифовски Питу“ (после Веро Џамбо), ќе продолжат кон булевар „Крушевска република“ (Феријален дом), потоа по булевар „Трета македонска бригада“, улица „Никола Карев“ до крстосницата со булевар „Кузман Јосифовски Питу“, па ќе вртат десно кон постојката Железничка станица - кон Аеродром и потоа ќе продолжат по својата редовна траса

 

Линиите 11, 11А, 18, 18а, 118, 31, 32, 41, 45, 47, 47а, 51, 51а, 52, 53, 54, 55, 56, 58, 58а, 58б, 58в, 60, 61, 62, 63, 63а, 65В, 66, 67, 68, 70, 71, 74 и 81

*од булевар „Кузман Јосифовски Питу“ (после Веро Џамбо), ќе продолжат кон булевар „Крушевска република“ (Феријален дом), потоа по булевар „Трета македонска бригада“, па улица „Никола Карев“ до крајната/почетна постојка на Транспортен Центар

 

Во обратна насока возилата од посочените линии ќе сообраќаат по вообичаената траса.

 

 

 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.