Моментален број на посетители:
121
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
06 декември 2021
 

АВТОБУСИТЕ НА ЛИНИЈА 22, 22А И 64А ВО ДАМЕ ГРУЕВ ЌЕ ВОЗАТ ПО ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ ДО СРЕДА

Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека возилата од линиите 22, 22А и 64А во населба Даме Груев ќе продолжат да сообраќаат по изменет режим до среда (8.12.2021 год), поради незавршените градежни активности на дел од улицата „Лука Геров“.

ТРАСА НА ДВИЖЕЊЕ

Возилата од јавниот превоз во насока од Транспортен центар и Клинички центар до после надвозникот на улица „Лука Геров“ ќе сообраќаат по своите редовни траси, потоа ќе вртат десно по улица „Лепенец“, па лево по улица „Шар планина“, па пак лево по улица „Тиранска“ и од таму ќе се вклучат десно на улица „Лука Геров“ од каде што ќе продолжуваат по своите редовни траси до Лепенец и Никиштани.

Во насока од Никиштани и Лепенец до крстосницата на улица „Лука Геров“ со улица „Тиранска“ ќе сообраќаат по своите редовни траси, потоа ќе вртат лево по улица „Тиранска“, па десно по улица „Шар планина“, потоа десно по улица „Лепенец“ и пред надвозникот ќе се вклучат лево на улица „Лука Геров“ од каде што ќе продолжат по своите траси до Транспортен центар и Клинички центар.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.