Моментален број на посетители:
2236
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Билети за деца без родители
30 јули 2014
 

 

 

 Во пресрет на поектот на Влада на Република Македонија за подобрување на состојбата на децата без родители и родителска грижа,  ЈАВНОТО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ -  СКОПЈЕ  ги известува полнолетните деца (не постари од 27 години) без родители и родителска грижа дека од 1 ви август 2014 година имаат право на 50% попуст при купување на месечен билет за јавен превоз во Градот Скопје, како и билет за превоз на жичница.

 Потребни документи при купување на месечен билет:

  1. Барање за издавање на месечен претплатен билет (Образец бр.2-3 ЈСП/ www.jsp.com.mk)
  2. Една  фотографија, во прилог на Барањето

3.  Потврда  издадена и заверена од соодветната ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа или од домовите каде биле згрижени

4.   Увид во лична карта на барателот

 

Потребни документи при купување на билет за жичница:

 

1.   Потврда  издадена и заверена од соодветната ЈУ Меѓуопштински центар за социјална            работа или од домовите каде биле згрижени

2.   Увид во лична карта на барателот

или  со приложување на месечниот билет за јавен превоз

 

Потребните документи се приложуваат во продажното место  на ЈСП СКОПЈЕ во Автокоманда на бул.,, Александар Македонски бр.10,, каде и се подига билетот.

Линк до барањето: http://jsp.com.mk/Upload/dokumenti/obrazec-barawe%20za%20pretplaten%20%20bilet%20za%20deca%20bez%20roditeli-nad%2018%20godini.doc

Со почит,

ЈСП СКОПЈЕ

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.