Ве известуваме дека во сабота на ден 04.10.2014 год. се организира градската културна манифестација „Бела Ноќ“. По тој повод јавниот превоз во градот Скопје ќе биде бесплатен во периодот од 19,00 часот до полноќ, а на ноќните линии наплатата ќе биде по редовна цена. На линиите број 8 и 15А во периодот од 12,00 до 16,00 часот превозот истотака ќе биде бесплатен.