|
|
известување |
30 октомври 2014 |
|
Почитувани
Ве известуваме дека поради верскиот празник „Задушница“ ЈСП-Скопје покрај редовната линија 59 обезбедува и дополнителни автобуси према гробишта Бутел. Истите ќе поаѓаат од нас. Карпош 3, нас. Кисела Вода и нас. Ново Лисиче, а термините на поаѓање ќе бидат во зависност од потребите на граѓаните и тоа:
- На ден 31.10.2014 год.(петок) ќе биде зголемен бројот на автобуси во временски период од 9,00 до 16,00 часот.
Ќе бидат вклучени и следните редовни термини: За носење од К.Вода за Гробишта Бутел во: 9,50 и 12,40, а за враќање од Гробишта Бутел за К.Вода во: 9,10 и 11,55 часот. За носење од Ново Лисиче за Гробишта Бутел во: 8,25 и 11,10, а за враќање од Гробишта Бутел за К.Вода во: 10,30 и 13,25 часот.
2. На ден 01.11.2014 год.(сабота) ќе биде зголемен бројот на автобуси во временски период од 8,00 до 15,00 часот.
Ќе биде зголемен и бројот на автобуси и на линија број 19.
За поконкретни информации во врска со превозот граѓаните може да се јават кај Диспечерот на тел. 02 /3 173-224
Со почит,
|
|
|
|