Моментален број на посетители:
553
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
29 декември 2014
 

 Се известуваат патниците дека во  среда (31.12.2014 год.) во периодите од 11,00 до 13,30 и од 20,00 до 01,00 часот, поради одржување на повеќе манифестации ( детска Предновогодишна програма, Новогодишна програма),  дел од центарот на Скопје  ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки. Тоа се улиците „11-ти Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, од крстосницата со ул. „Филип Втори Македонски“ до крстосницата со улицата „Даме Груев“.


             Поради тоа потребно е да се изврши пренасочување на сите линии кои поминуват на овој потег и тоа:
             1. Линиите со број  26, 50, 57, 59 кај Градска Болница врти лево по ул „11-ти Октомври“ кон Зелено пазарче, па десно по ул.
„Кирил и Методиј“ (Рамстор) и продолжува по својата траса. Во обратна насока ја користат ул. „Даме Груев“ (позади Собрание)

            2. Линиите со број  3, 3А, 3Б, 4, 4А, 5, 7, 7Б, 15, 15А, 21, 21А, 22, 24, 25, да се движат по бул. „Кочо Рацин“,  ул.„Кирил и Методиј“ (Рамстор) и да продолжат по своите траси. Во обратна насока да се движат по ул. „Даме Груев“ (позади Собрание) и да продолжат по своите траси. 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.