Моментален број на посетители:
115
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
известување
12 февруари 2015
 

 Почитувани

           Ве известуваме дека поради верскиот празник  „Задушница“  ЈСП-Скопје покрај редовната линија 59 обезбедува и дополнителни автобуси према гробишта Бутел. Истите ќе поаѓаат од нас. Карпош 3, нас. Кисела Вода и нас. Ново Лисиче, а термините на поаѓање ќе бидат во зависност од потребите на граѓаните и тоа:

 

  1. На ден 13.02.2015 год.(петок) ќе биде зголемен бројот на автобуси во временски период од 9,00 до 16,00 часот.
       Ќе бидат вклучени и следните редовни термини:                                                                     За носење од К.Вода за Гробишта Бутел во: 9,50 и 12,40, а за враќање од Гробишта Бутел за К.Вода  во: 9,10 и 11,55 часот.                                                                                            За носење од Ново Лисиче за Гробишта Бутел во: 8,25 и 11,10, а за враќање од Гробишта Бутел за К.Вода  во: 10,30 и 13,25 часот.

      2. На ден 14.02.2015 год.(сабота) ќе биде зголемен бројот на автобуси во временски период од 7,00 до 14,00 часот.

Ќе биде зголемен и бројот на автобуси и на линија број 19.

За поконкретни информации во врска со превозот граѓаните може да се јават кај Диспечерот на тел. 02 /3 173-224

 

Со почит,

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.