Почитувани,
Ве известуваме дека врз основа на распишаниот оглас – Јавен Конкурс за избор на директор на јавното претпријатие "ЈСП СКОПЈЕ" во месец декември 2014 година од Градот Скопје:
За нов директор на јавното претпријатие "ЈСП СКОПЈЕ" е избран Игор Јанушев.
Игор Јанушев е роден 1983 година и има завршено образование на правниот факултет "Јустинијан Први" при Универзитетот "Свети Кирил и Методиј", насока Меѓународно право и меѓународна политика. Истиот повеќе години е вработен во Министерството за транспорт и врски, како раководител на Сектор за воздухопловство.
Со почит,
ЈСП СКОПЈЕ