Моментален број на посетители:
402
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
09 април 2015
 

Поради претстојните ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ, ве  известуваме дека на ден 11.04.2015 година (сабота) во период од 18.00 часот до 06.00 часот наредниот ден (недела),  ќе биде забранет сообраќајот на дел од булеварот „Партизански Одреди“ од крстосницата со улицата „Френклин Рузвелт“ до крстосницата со улицата „Даме Груев“, како и дел од булеварот „Св. Климент Охридски“ од крстосницата со улицата „Орце Николов“ до крстосницата со улицата „Димитрие Чуповски“.

 

Поради тоа линиите на јавен превоз ќе сообраќаат со променета траса по следниов редослед:

            - автобусите од линиите што доаѓаат од бул.„Гоце Делчев“ кон бул. „Партизански одреди“ ќе бидат пренасочени и ќе се движат по следните сообраќајници:  бул. „Илинден“, ул. „Франклин Рузвелт“,бул. „Партизански одреди“ и продолжуваат по својата траса. Во обратна насока по истата променета траса.

 

- автобусите од линиите што доаѓаат од Плоштад „Рекорд“ кон бул. „Партизански одреди“ ќе бидат пренасочени и ќе се движат по следните сообраќајници: ул. „Димитрие Чуповски“;  ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, ул. „Френклин Рузвелт“; бул. „Партизански Одреди“ и продолжуваат по својата траса. Во обратна насока по истата променета траса.

 

Ви ги честитаме претстојните Велигденски празници.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.