Моментален број на посетители:
478
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
05 мај 2015
 

 Ве известуваме дека во среда (06.05), и четврток (07.05), поради изведување на градежни активности, целосно ќе биде затворена за сообраќај делницата на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и тоа од вкрстосување со ул. „Јуриј Гагарин“ до вкрстосување со ул.„Московска“.

 Автобусите кои ја опслужуваат автобуската линија со бр. „4А“, во правец од Центар кон Тафталиџе 2, ќе бидат пренасочени по бул.„8-ми Септември“, бул.„Партизански одреди“ и ул.„Московска“. Во правец од Тафталиџе 2 кон Центар ќе се движат по истата траса но по обратна насока.

Автобусите од градските линии: „5“ и „5А“, во правец од Центар кон Ѓорче Петров ќе бидат пренасочени преку бул.„8-ми Септември“ бул. „„Партизански Одреди“, ул.„Московска“ и продолжуваат по својата траса, а во обратна насока ќе се движат по истата траса и при тоа ќе ги користат постоечките автобуски стојалишта. 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.