Моментален број на посетители:
2355
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
28 декември 2022
 

СТУДЕНТИТЕ ДА ГО ПРОДОЛЖАТ БИЛЕТОТ ДОКОЛКУ САКААТ ДА СЕ ВОЗАТ БЕСПЛАТНО И НАРЕДНАТА ГОДИНА 

Почитувани студенти, корисници на годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз,
Ве потсетуваме дека неопходно е да го продолжите/заверите билетот за 2023 година, доколку сакате да користите бесплатно јавен превоз и во текот на наредната година.

Продолжувањето/заверувањето на билетот се врши во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот кој треба да достави потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа (не постара од 30 дена), да приложи оригинал индекс со запишан зимски семестар и лична карта на увид.

На студентите/бруцоши од студентската 2022/2023 година, билетот автоматски им важи и за наредната календарска година.

Право на користење на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз имаат сите редовни студенти на државните факултети во Град Скопје до додипломски студии (Прв циклус), без ограничување на возраста.

Единствено заверен/продолжен билет за тековната година е валиден документ за бесплатно користење на јавен превоз за посочената категорија студенти, не се признаваат индекс, потврда за студент или друга документација која служи за заверување на билетот.

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.