Моментален број на посетители:
555
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ДЕМАНТ НА ОБЈАВЕН ТЕКСТ ВО УТРИНСКИ ВЕСНИК
04 февруари 2016
 

 ДЕМАНТ ПО ОБЈАВЕНАТА СТАТИЈА НА ДНЕВНИОТ ВЕСНИК „УТРИНСКИ ВЕСНИК“

 

Во врска со објавениот текст во дневниот весник „Утрински весник“ со наслов „И ХАРТИЕНИОТ БИЛЕТ ЗА 10 ВОЗЕЊА ВАЖИ САМО 15 ДЕНА!“, Јавното сообраќајно претпријатие „СКОПЈЕ“ - Скопје ја информира јавноста дека објавената вест на 03.02.2016 година е извадена од контекст во однос на веродостојноста на информацијата за билетот за 10 возења.

Имено, информацијата за новиот тарифен систем за услугите на ЈСП СКОПЈЕ, согласно Одлуката на Град Скопје е уредно објавена на веб страната на претпријатието на 28.12.2015 година, достапна на следниот линк http://jsp.com.mk/vest.aspx?vest=325

Во Одлуката на Град Скопје јасно, прецизно и концизно е наведено дека билетот за 10 возења има времетраење во рок од 15 денови и согласно тоа, без разлика за каква форма на билетот станува збор (хартиен или електронски), времетраењето е исто.

Корисниците на услугите на ЈСП СКОПЈЕ редовно се информираат за сите промени на претпријатието, преку гостувања на телевизиски и радио емисии (контактни, утрински итн.), објавување на информации преку дневните весници, вклучувајќи го и Утрински весник.

Од друга страна, на електронската адреса на ЈСП СКОПЈЕ (info@jsp.com.mk ) граѓаните можат да пишат за своето искуство при користењето на услугите на претпријатието и каде што надлежните во најкраток можен рок даваат одговори на нивните прашања.

Согласно претходнонаведеното, ги замолуваме граѓаните, заради избегнување на било какви шпекулации или погрешни информации, да ги контактираат надлежните служби во ЈСП СКОПЈЕ или да ги посетат интернет страниците www.jsp.com.mk  или www.skopska.mk .

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.